На прв поглед изгледа како карпа, но внатрешноста ќе ве остави без зборови!
Европа е дом на многу архитектонски ремек-дела. Но, недостасува едно нешто – подводен ресторан! Компанијата Snøhetta е на добар пат да го промени тоа. Тие ја дизајнираа структурата на три нивоа со широк панорамски прозорец со должина од 36 метри, кој ќе им овозможува на посетителите да “патуваат” до морето во јужна Норвешка.
Иако на прв поглед изгледа како бетонски контејнер или карпа, во плитките води во близина на селото Båly, кога ќе погледнете внатре ќе бидете вчудоневидени.
Ресторанот ќе има простор за сместување до 100 гости, а зградата ќе функционира и како морски истражувачки центар кога никој не јаде.
Како потонат перископ, масивните акрилни прозорци на ресторанот ќе нудат поглед на морското дно како што се менува низ сезоните и различните временски услови.
Snøhetta се надеваат дека ќе почнат со изградба следната година, а ресторанот треба да се отвори во 2019 година.
Извор: boredpanda
Крај