Необични употреби на алуминиумската фолија кои сигурно ќе ги практикувате
За да ја исчистите тавата со алуминиумска фолија ќе ви треба малку средство за миење садови и вода, а можете целосно да го елиминирате сунѓерчето. Лабаво истуткајте ја алуминиумската фолија, внимавајќи да не ја свиткате во топка целосно.
За острење на сечилата на ножиците
Секој ќе се согласи дека колку се поостри сечилата на ножиците, толку е подобро и полесно да се користат. Но наместо да ги фрлите ножиците кога нема веќе да сечат така добро, искористете алуминиумска фолија за да ги изострите и да им го вратите квалитетот.
Земете поголемо парче алуминиумска фолија и превиткајте го неколку пати. Земете ги ножиците и почнете да сечете долги, тенки ленти во алуминиумската фолија, додека не го исечете целиот лист. Едноставно избришете ги ножиците за да ги исчистите сите остатоци и тие загарантирано ќе сечат исто како и денот кога сте ги купиле.
За поместување на тежок мебел низ домот
Луѓето кои можат да го подигнат тешкиот мебел со голема леснотија, се навистина ретки. Но алуминиумската фолија може многу да ви го олесни овој процес. Земете парче фолија и ставете ја под ногалките од мебелот што сакате да го преместите, поставувајќи ја сјајната страна од фолијата нагоре. Потоа повлечете го преку тепихот и поставете го мебелот таму каде што сакате за кратко време.
Намалете го двојно времето потребно за пеглање на вашата облека
Ако постои полоша домашна работа од чистењето валкани садови, веројатно тоа е пеглањето облеката. Но постои трик што целосно го намалува времето за пеглање, а истиот вклучува алуминиумска фолија. Сè што е потребно е да ја обложите даската за пеглање со алуминиумска фолија, поставувајќи ја сјајната страна нагоре а врз неа поставете ја прекривката од даската како и обично. Алуминиумската фолија ќе ви помогне полесно и побрзо да ја испеглате облеката, што значи дека нема да имате никаков изговор за доцнење каде и да одите.
Крај