Ова овошје никако не смеете да го комбинирате со лекови!
Овошјето е вкусно, здраво, богат извор е на фибриди, содржи витамини, минерали и антиоксиданти кои помагаат телото да биде во одлична состојба.
Сепак има овошја кои се поздрави и од кои ќе имате повеќе бенефит отколку од останатите.
Секогаш бирајте овошје кое е богато со растителни влакна и витамини, а има малку калории и шеќер.
АНАНАС
Доколку сакате тропско овошје со одлични здравствени придобивки, ананасот е вистинскиот избор за вас – богат со витамин Ц и манган кој е добар за коските.
Како и да е, најдобрата причина да јадете ананас сепак е ензимот наречен бромелаин кој единствено може да се најде само во свежиот ананас. Бромелаинот помага при воспаленија, ја помага дигестијата (варењето) на внесената храна, го стимулира разградувањето на протеините и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Исто така го намалува времето на постоперативно заздравување и помага при воспаленија и спортски повреди.
Бромелаинот за разлика од другите дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот и помага за заштита на дишните патишта, при алергии и астма, дијабетес, срцеви заболувања и рак.
БОРОВИНКИ
Сите бобинки имаат неверојатни здравствени придобивки, но боровинките се издвојуваат на повисоко ниво. Една чаша боровинки содржи 4 грама влакна и само 15 грама јаглени хидрати. Во таа чаша, исто така ќе добиете 24 проценти од дневниот препорачан витамин Ц и 36 проценти од препорачаната доза на витамин К. Поради нивната висока содржина на влакна, ќе се чувствувате сити без да внесете многу калории.
Боровинките имаат повеќе антиоксиданти од било кое друго овошје или зеленчук, па ако сакате да останете подолго млади вклучете ги во вашата исхрана. Антиоксидантите можат да ги намалат ефектите на стареењето со тоа што го спречуваат оштетувањето на вашата ДНК.
Истражувањата исто така покажаа дека боровинките можат да ја подобрат вашата меморија, да имаат антидијабетични ефекти и да го намалат мускулното оштетување по напорниот тренинг. Покрај тоа, боровинките ги спречуваат инфекциите на уринарниот тракт.
ЛУБЕНИЦА
Има добра причина зошто треба да јадете лубеница – не само затоа што е вкусна и освежува, туку помага да останете хидрирани бидејќи содржи 92 проценти вода.
Лубеницата може да се пофали со бројни здравствени придобивки, како намалување на крвниот притисок и на болката во мускулите, а содржи и широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, калиум, бакар, витамин А и витамин Б5.
Исто така содржи високо ниво на цитрулин што можете да го најдете во белиот дел од лубеницата. Во вашето тело, цитрулинот се претвора во амино киселина аргинин, која им помага на внатрешните органи вклучувајќи ги белите дробови, репродуктивниот систем и помага во спречување на болести на срцето.
ЈАБОЛКА
Јаболката се евтини, лесно достапни, вкусни и здрави. Тие помагаат во намалувањето на тежината, бидејќи содржат висок процент на вода и се богати со влакна (има 4 грама во јаболко со средна големина), па ќе ве заситат без да ве наполнат со калории.
Лушпите од јаболка содржат полифеноли, вид на антиоксиданти за кои се покажало дека го намалуваат ризикот од мозочни удари и срцеви заболувања. Има пет пати повеќе полифеноли во лушпата отколку во остатокот од јаболкото, па затоа не го фрлајте тој дел!
Ако се прашувате дали сите јаболкa ги имаат истите нутритивни придобивки – одговорот е не! Помеѓу различните видови јаболка секогаш избирајте ги црвените, бидејќи повеќето полифеноли се наоѓаат токму во овие јаболка.
ГРЕЈПФРУТ
Ќе бидете изненадени од тоа колку хранливи материи содржи грејпфрутот: само половина грејпфрут содржи 64 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц, како и мали количини протеини, витамин А, манган, тиамин, фолат и магнезиум.
Грејпфрутот исто така содржи голем број на антиоксиданти. Еден од нив е ликопен, кој позитивно влијае во намалување на ризикот од рак, а поради тоа што во себе содржи флавонини има и антиинфламаторни својства.
Ова јужно овошје е и богат природен извор на растителни влакна кои создаваат чувство на ситост и го намалуваат апетитот. Половина грејпфрут содржи само 52 калории, што го прави еден од најнискокалоричните плодови.
Внимавајте: иако грејпфрутот има доста позитиви делувања на нашиот организам, ако се зема во комбинација со некои лекови, може да доведе до појава на низа несакани ефекти.
АВОКАДО
Авокадото е овошје за кое научниците велат дека има најголем нутритивен статус: содржи високи количини на витамин Е, калиум, железо, мононезаситени масти, а содржи и витамини Б6, Ц и Д.
Авокадото е моќен чувар на срцето и крвните садови. Го регулира притисокот и работата на срцето, а позитивно влијае и на намалување на холестеролот и триглицеридите.
Калиумот во авокадото е важен за многу функции во организмот, како и за одржување на електролитниот баланс во телото.
Авокадото е богато и со растителни влакна, кои се многу важни за одржување на здрава телесна маса и контрола на нивото на шеќер во крвта.
Ова тропско овошје може да се најде во сите поголеми маркети, па затоа побрзајте и купете уште денес за да уживате во благодетите кои ги нуди.
КИВИ
Истражувањата покажаа дека влакната кои се присутни во кивите не само што помагаат во варењето на храната, туку го подобруваат и апсорбирањето на хранливите материи.
Содржи многу висока количина на витамин Ц, со што му помага на телото да развие отпорност кон инфекции и да ги собере штетните слободни радикали.
Кивите содржат и витамин А, витамин Е и витамин К кој има улога во зголемувањето на коскената маса, преку поттикнување на остеотропска активност во коските.
Семките од киви пак се одличен извор на омега-3 масни киселини кои позитивно влијаат во намалување на ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, но и помагаат во спречување на развој на синдромот на дефицит на вниманието и хиперактивност, аутизам и други развојни разлики кај децата.
Крај