На која возраст децата можат сами безбедно да ја преминуваат улицата?
Без разлика кој стил и начин на воспитување го практикуваат родителите за своите деца, постојат неколку униврзални правила кои сите родители ги почитуваат и се придржуваат до нив. Еспертите постојано советуваат кога родителите треба да внесат тврда храна, колку часови сон им е потребно на децата итн. а сега советуваат и која возраст е идеална за децата да можат сами безбедно да одат на училиште или да ја преминуваат улицата.
Според нив идеалната возраст е не порано од 10 години!
Преголемата грижа и заштита од родителите може да им направи вистинска штета на децата. Психолозите и едукаторите сметаат дека тоа е еден фактор кој поттикнува зголемување на бројот на деца и млади луѓе кои се дијагностицирани со анксиозни нарушувања. Затоа треба децата да имаат поголема автономија. А преминувањето улица без помош на родител или возрасен е главна пресвртница. Сепак, кога станува збор за свесноста за опасноста во сообраќајот и безбедното движење и преминување на улицата на пешачки премин, децата треба да бидат доволно зрели и информирани.
Истражувањата покажуваат дека малите деца кои одат на училиште најчесто не внимаваат на сообраќајот и не застануваат на тротоарот пред да ја преминат улицата.
Па, што треба да правите? – Секој родител најдобро го познава своето дете и знае кога тоа е подготвено за да добие поголема одговорност и самостојност. Има деца кои многу повеќе внимаваат на сообраќајот и се посовесни од некои возрасни лица, па затоа најдобро е родителите да ги едуцираат и насочуваат децата и да одлучат кога тие сметаат дека нивното дете е подготвено само да ја преминува улицата.
Извор: purewow
Крај