Никогаш не се оправдувајте: Овие 10 работи никому не ги должите
Кога се во прашање вашите животни одлуки, не смеете да чувствувате потреба да ги оправдувате и да им ги објаснувате на другите луѓе.
Одлуките и изборите кои ги донесуваме не обликуваат нас и нашите животи. Во нив треба да бидеме потполно сигурни, а не да чувствуваме потреба за оправдување.
Во прилог, десет објаснувања кои навистина никому не ги должите.
ВЕРСКО И ПОЛИТИЧКО МИСЛЕЊЕ
Верското и политичкото гледиште се дел од идентитетот на секоја личност. Вие сте тие кои одлучуваат што точно и колку од тоа сакате да го споделите со другите. Единствено што е важно е да се чувствувате пријатно, односно да не чувствувате обврска да се оправдувате поради вашите избори.
ЉУБОВНА ВРСКА
Приватноста во вашиот љубовен живот не треба да го интересира на никој друг освен вас и вашиот партнер. Исто така, ако не сакате, нема потреба на другите да им објаснувате зошто сте сами. Тоа е исклучиво ваша одлука.
ПОЗИТИВЕН НАЧИН НА МИСЛЕЊЕ
Никој не би смеел да ве осудува поради однесувањето, особено не ако е многу позитивно. Ако се пожали некој друг, немојте да се симнувате на негово ниво и да возвратите со жалење. Бидете горди на својата позитивност и расположение.
НЕСОГЛАСУВАЊЕ
Ако не ви е жал, немојте да се извинувате. Тоа и онака не би било искрено, а другата личност ќе создаде лажен впечаток за вас и вашите намери. Исто така, ако не се согласувате со нечие мислење, во ред е тоа да го покажете. Важно е само да бидете коректни.
ЖИВОТНИ ЦЕЛИ
Без разлика дали се работи за она што сакате да постигнете во приватниот или професионалниот живот, никому не должите објаснување за вашите цели и соништа. Тие цели ве туркаат да одите напред и немојте да дозволите некој да ви застане на патот.
СОПСТВЕН ИЗГЛЕД
Променете ја бојата на косата, тетовирајте се, нашминкајте се или немојте, создадете единствен стил. Како вие изгледате, ве засега само вас и единствено е важно да се чувствувате пријатно во сопствената кожа. Тогаш уште повеќе ќе се цените самите себеси.
МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ
Никој не смее да се осудува поради животните околности, особено кога станува збор за местото на живеење. Каде живеете и со кого, не се прашања на кои морате да одговорите ако не сакате.
КАРИЕРА
Дали сте задоволни од работата и насоката во која се движи вашата кариера или не сте? Единствената личност на која треба да и го одговорите ова прашање сте вие самите. Немојте да дозволите некој друг да ги одредува вашите работни потези и насоката на кариерата.
ФИНАНСИСКА СИТУАЦИЈА
Само вие имате пристап до ситуацијата на вашата сметка во банка. Затоа никому не должите било какви објаснувања. Ваша е одлуката дали сакате да коментирате со другите за вашата финансиска ситуација.
НАЧИН НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
Некои одлуки се слични, но секој родител различно го воспитува своето дете и можеби доаѓа од друга култура или генерација. Тоа исто така влијае врз неговиот пристап за воспитување кој тој не мора да им го објаснува на другите.
Извор: novosti.rs
Крај