Единствените 10 работи кои ви се неопходни за вашето бебе
Честитки, наскоро ќе станете мајка! Сега доаѓа делот каде излудувате мислејќи што сѐ ќе ви треба за вашето бебе. Но имаме добри вести за вас: На новороденчињата не им се потребни многу работи. Според искуствата на повеќето мајки успеавме да направивме список со 10 работи што навистина ви се потребни кога ќе излезете од болница и ќе се вратите дома.
КРЕВЕТЧЕ
Малиот Марко или малата Јана треба некаде да спијат, нели?
ПЕЛЕНИ И ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ
Планирајте дека ќе ви требаат околу 150 пелени во првите три недели и запомнете: Некои поголеми новороденчиња нема да им се точни пелените за новороденче (означени на паковањето со 0), па ако се двоумите, најдобро е да земете пелени со големина 1.
СЕДИШТЕ ЗА АВТОМОБИЛ
Како инаку ќе го донесете вашето бебе дома, откако ќе ја напуштите болницата?
КОЛИЧКА
Бидејќи по некоја недела, потребно е да излезете малку надвор на прошетка. А можеби ќе ја користите и за заспивање на бебето (како алтернативна опција доколку ништо друго не помага).
ЌЕБЕНЦЕ ЗА ПОВИВАЊЕ
Кога ќе го повиете вашето бебенце, тоа подобро ќе спие.
ПЕРНИЦА ЗА ДОЕЊЕ
Вообичаено, доењето во почеток трае цели 45 минути и тоа на секои 2 часа. Поради тоа, треба да ви биде удобно.
БЕБЕШКА КАДА ЗА БАЊАЊЕ
Во првите неколку недели, топла бања е се што му е потребно на вашето новороденче. Кадата ќе ви помогне нежно и безбедно да го држите бебето додека го бањате.
“ПРВА ПОМОШ” ЗА БЕБИЊА
Ќе ви бидат потребни низа производи – термометар, крем за осип од пелени, ножички за нокти, витаминска крема итн.
ШПИХОЗНИ И ЛИГАВЧИЊА
Бебињата често се лигават и дури и повраќаат…затоа бидете подготвени често да го пресоблекувате вашето бебе.
И СЕКАКО – КАФЕ
Долги и напорни часа се пред вас. Но, вие ќе успеете да издржите!
Крај