Пушачи, задолжително прочитајте: Еве што ќе се случи по 20 минути откако ќе ја згаснете цигарата!
За оние на кои откажувањето од цигарите им изгледа како невозможна мисија, нека овој текст им биде “ветар в грб” сепак да превземат нешто за своето здравје.
Пушачите се свесни колку е тешко да се донесе одлука за откажување од цигарите, а уште потешко е да се остане доследен и веќе никогаш да не се запали цигара.
Едно неодамнешно истражување покажало дека многу малку пушачи се свесни за тоа дека додавањето шеќер во тутунот ја зголемува количината на токсини во чадот од цигарите, пишуваат авторите на истражувањето објавено во списанието Nicotine and Tobacco Research.
“Цигарите содржат природни и додадени шеќери кои ја намалуваат горчливоста на цигарите, поради што чадот полесно се инхалира. Но тие истовремено ја зголемуваат количината на штетни хемикалии во чадот од тутунот предизвикувајќи зависност”, тврди др. Endrju Seidenberg, од Универзитетот Северна Каролина во Чапел Хил.
Еве што се случува во организмот откако ќе ја испушите вашата последна цигара…
После 20 минути
Се нормализира крвниот притисок и срцевиот ритам.
После 8 часа
Нивото на кислород во телото се нормализира и почнува да опаѓа нивото на јаглерод-моноксид и никотин.
После 48 часа
Организмот веќе исфрлил голема количина јаглерод моноксид, а белите дробови почнуваат да се чистат од токсините. Чувството за мирис и вкус станува поинтензивно.
После 72 часа
Исчезнуваат потешкотиите со дишењето кои сте ги имале како активен пушач. Расте нивото на енергија во телото.
После 3 до 9 месеци
Функцијата на белите дробови е значително подобра.
После 1 година
Ризикот од мозочен удар се намалува на половина во однос на лицата кои и понатаму пушат.
Извор: stil.kurir.rs
Крај