Тинејџерка создава неверојатни 3D уметнички дела од кафе Latte
17-годишната тинејџерка Дафне Тан од Сингапур стана славна личност на социјалните медиуми и тоа не поради туторијали за шминка или откачени трикови, туку поради нејзините неверојатни 3D уметнички креации од кафе Latte.
“Она што го поттикна мојот интерес беше училишна програма каде имав можност да учествувам во работилница посветена на гурманско кафе… Експериментирав со Француска преса (направа за приготвување на кафе популарна во Франција) и открив метод за создавање стабилна пена за креирање 3D уметност згора врз моите шолји кафе” вели Дафне.
За создавање на секое парче уметност, потребни се 10 до 20 минути.
Погледнете ги фотографиите и уживајте во неверојатните креации на Дафне.
Слики и текст превземени од: techeblog.com
Крај