Психолог: Постојат 5 типови мајки – сите нивни предности и недостатоци
РАМНОТЕЖАТА Е ВАЖНА Мајките мораат да им постават правила на децата, но и да ги прифатат како посебни индивидуи со цел да ја развијат својата независност и да израснат во самосвесни луѓе.
Секоја мајка ги воспитува своите деца онака како што верува дека е најдобро, а воспитувањето треба да се прилагодува на секое дете на различен начин.
Не постои правилен и погрешен пристап, а психологот Stephan Poulter дефинирал пет типови мајки, нивните предности и недостатоци.
Перфекционистички тип
Овој тип мајки сака да има сѐ под контрола, а очекувањата ги поставуваат високо и за себе и за децата. Не им се важни туѓите совети, а посебно им е важен впечатокот кој ќе го остават кај другите. Децата на ваквите мајки често се склони на претерана самокритичност и тешко отворено ги покажуваат емоциите. Добрата страна на ваквиот облик на мајчинство е тоа што децата кога ќе пораснат, се одговорни и посветени на сѐ што прават.
Најдобри пријатели
Поради избегнување одговорност и недостаток на правила, овие мајки спрема децата се однесуваат како рамни на себе. Многу често, мотивот е страв од тоа дека ако ја прифатат класичната улога на мајка, нивниот “безгрижен” живот ќе биде завршен. Децата се во “партнерски” однос со својата мајка, поради што подоцна во врските можат да се почувствуваат несакано и потценето.
Непредвидливи мајки
Ваквиот тип се карактеризира со често лутење и страдање, така да нивните методи за одгледување зависат од моменталното расположение. На сѐ гледаат како на потенцијален проблем и често пати своите стравови ги пренесуваат на децата, кои многу рано учат да препознаваат разни типови луѓе за да можат да се справат со туѓите непредвидени чувства, но можат да бидат подложни на депресии и да имаат испади на бес.
Јас, на прво место
Овој тип мајки не сфаќа и не ги уважува децата како посебни индивидуи, многу се несигурни и се ориентирани кон себеси. Децата често сметаат дека нивната улога е да направат сѐ што треба за мајката да се чувствува добро, па и подоцна во животот се лојални и спремни да пружат поддршка. Сепак, често се сомневаат во својата способност за одлучување и веруваат дека мислењето на мајката е најточно и поважно од нивното.
Потполни мајки
Овој облик на мајчинство е идеален бидејќи има емоционална рамнотежа. Ваквите мајки има помагаат на децата да ја развиваат својата независност, не тежнеат кон совршенство, а децата подоцна во животот се осмелуваат да ризикуваат, проблемите и доживуваат како предизвик и без страв остваруваат емоционални врски.
Извор: 24sata.hr
Крај