7 Трикови за Високи потпетици што треба да ги знае секоја жена
…за да го преживеете денот во Вашиот омилен пар чевли
Факт: Жените обожаваат чевли. Фикција: За малите слатки чевли, вреди да се издржи секоја болка во стапалата. (Или просто математички кажано, “потпетици што бодат како клинци” + пот + пешачење = “оф леле мајко”).
Повелете – седум паметни начини да ги третирате вашите стапала пред да облечете високи потпетици….па можете да се фокусирате на вашиот моден изглед… а не на шантање (кривење).
ЗАЛЕПЕТЕ ГИ ПРСТИТЕ НА НОЗЕТЕ
Ставете ги балетанките во вашата чанта: Ако сте ја поминале ноќта во високи потпетици, не значи дека морате да куцате до дома. Пред да излезете, залепете ги заедно третиот и четвртиот прст на нозете со медицински фластер. Помеѓу овие два прсти има нерв, па со фластерот ќе го намалите притисокот што го предизвикуваат чевлите врз него.
“СТАПАЛА ОТПОРНИ НА ПОТ”
Бидејќи и најмалата капка пот може да предизвика триење на глуждот, испрскајте ги со време вашите стапала со спреј против потење.
ИСТУРПИРАЈТЕ ГИ ЧЕВЛИТЕ ОДОЗДОЛА
Нови чевли, без влечкање? Сигурно барем еднаш сте се лизнале на подиумот во некој клуб. Еве еден едноставен трик за дополнителна контрола: Земете парче хартија за шмирглање и нежно поминете ги чевлите одоздола за да станат малку рапави и да не се лизгаат.
СТАВЕТЕ КЕСИЧКИ ОД ЧАЈ
За да ја уништите непријатната миризба, исушете неколку искористени кесички чај, па ставете ги внатре во чевлите 24 часа. Вашиот нос (и носевите на сите околку Вас) ќе ви бидат благодарни.
ПОДРАШИРЕТЕ ГИ СО МРАЗ...
Добро, ова можеби ќе звучи малку чудно, но помага за намалување на триењето во прстите. Наполнете малечки најлон кесички со вода и пикнете ги во вашите чевли напред кај прстите. Оставете ги чевлите во замрзувач преку ноќ. Кога водата ќе замрзне, кесичките ќе се рашират и ќе ги растегнат вашите чевли.
…ИЛИ ЗЕМЕТЕ ФЕН И ЧОРАПИ
Ставете неколку пара чорапи (или еден пар дебели, волнени чорапи). Потоа облечете ги вашите претесни чевли и дувајте со фен во делот каде што чувстувате болка.
Крај