8 додатоци за здраво кафе: За контрола на апетитот и зајакнување на имунитетот
Повеќето истражувања ги истакнуваат позитивните ефекти врз здравјето кои се резултат од умереното пиење кафе. Во овој прилог прочитајте како овој напиток да го направите уште поздрав, но и поромантичен.
Цимет – посипите цимет во прав или ставете стапче цимет во шолјата кафе – овој зачин има антивирусни и антибактериски својства, што е многу корисно во ладните месеци, додека истовремено помага во регулирањето на нивото на шеќер и нивото на триглицеридите во крвта.
Ѓумбир – во кафето можете да додадете и малку ѓумбир во прав – ѓумбирот го поттикнува варењето на храната, ги намалува гасовите и исто така помага при симптоми на настинка. Овој зачин ги ублажува и болките при артритис бидејќи делува антиинфламаторно.
Какао и црно чоколадо – флавонолите од какаото ја подобруваат циркулацијата, концентрацијата и будноста, го регулираат крвниот притисок и делуваат антиинфламаторно. Додајте една лажичка какао во прав и ставите 2 коцки црно чоколадо во кафето за да се стопат.
Кокосово млеко и кокосово масло – кокосовото млеко претставува добра алтернатива за кравјото млеко, особено ако знаете дека сте нетолерантни на лактоза. Кокосовото млеко и масло содржат лауринска киселина која го поттикнува имунитетот и во организмот се претвора во монолаурин, соединение со антивирусни и антибактериски својства. Што се однесува до количината, за почеток можете да пробате кафе со додаток од 1 супена лажица кокосово млеко или 1 кафена лажичка кокосово масло.
Кокосов шеќер – овој шеќер не се добива од кокос туку од сокот на цветот на кокосовата палма. Содржи помалку количини цинк, железо, магнезиум и витамин Б-комплекс. Кокосовиот шеќер содржи инулин кои дејствува како пробиотик и така го поттикнува растот на добрите бактерии во цревата.
Екстракт од ванила – ванилата традиционално се користи не само поради слаткиот мирис, туку и поради нејзините медицински својства. Ванилата ја поттикнува концентрацијата и поволно влијае на расположението. Мирисот на ванила исто така помага во контрола на апетитот.
Извор: lovesensa.rs
Крај