8 интересни факти за децата родени во октомври
Октомври е месец – симбол на есен, жолти лисја, прошетки во природа, тиква, топли напитоци и многу убави работи.
Во прилог прочитајте интересни факти за октомвриските бебиња:
1. Голема е веројатноста да бидат атлети
Истражувањата покажале дека децата родени во октомври имаат поголема физичка и атлетичка подготвеност од оние родени во останатите месеци. Тестирани биле 9000 деца на возраст од 10 до 16 години, што покажало дека оние родени во октомври и ноември имале значително подобар резултат во однос на силата, издржливоста и кардиоваскуларната кондиција од своите врсници. Едно можно објаснување? Повеќе сончеви зраци и витамин Д за идните мајки значи посилни коски и мускули за нивните бебиња.
2. Тие имаат два заштитни камења: опал и турмалин
Сите кои се родени во октомври можат да избираат помеѓу два заштитни камења кои се поврзани токму со овој месец. Секој камен открива речиси неограничени можности, бидејќи секој од нив доаѓа во виножито од нијанси и комбинации на бои.
Но ако опалот не е вашиот заштитен камен, тогаш можеби ќе сакате да се држите понастрана – се вели дека носи лоша среќа ако ги носат оние кои не се родени во октомври. (Знаете, ако верувате во тоа.)
3. Нивниот роден цвет е космосот
Овие убави цвеќиња во боја на скапоцени камења го симболизираат мирот и спокојството.
4. Тие се или ваги или скорпии
Вага (родени меѓу 23 септември и 22 октомври) се вели дека се искрени, љубезни и љубители на хармонијата и мирот. Скорпиите (родени помеѓу 23 октомври и 22 ноември) се познати по тоа што се лојални, силни и мистериозни.
5. Во октомври се родени повеќе претседатели од било кој друг месец
Сакате вашето октомвриско дете да биде лидер? Тоа не е невозможно. Најголем број од американските претседатели го прославија нивниот роденден во месец октомври, вклучувајќи ги Адамс, Рузвелт, Ајзенхауер, Хејс и Картер.
6. И многу познати ѕвезди им прават друштво на октомвриските деца
Октомвриските родендени не се резервирани само за претседатели. Има и други познати личности родени во октомври, вклучувајќи ги Џулија Робертс (28 октомври), Мет Дејмон (8 октомври), Кејт Винслет (5 октомври) и Бруно Марс (8 октомври).
7. Тие имаат помала веројатност од кардиоваскуларни заболувања
Според истражување на Медицинскиот центар во Колумбија, луѓето кои се родени во септември, октомври и ноември имаат помалку шанси да доживеат кардиоваскуларни болести. Што нè води до нашата следна точка …
8.Голема е веројатноста дека ќе живеат до 100 години
Истражувањата од Универзитетот во Чикаго откриле дека оние што се родени во есенските месеци имаaт поголема веројатност да доживеат возраст од 100 години. Едно објаснување е дека тие не биле изложени на сезонски инфекции или сезонски дефицит на витамини во почетокот на животот, што може да доведе до трајно оштетување на здравјето на едно лице. Па, честитки октомври бебиња – славете уште многу, многу родендени!
Крај