Ако го правите ова, сигурно ќе имате успешна кариера!
Раните фази на вашата кариера се полни со неизвесности – и покрај најдобрите намери, вашиот професионален пат повеќе или помалку сеуште е знак прашалник. Заедно со фактот дека ние како луѓе честопати се потценуваме, природно е да бараме некоја форма на надворешна валидација. Меѓутоа постојат суптилни знаци кои укажуваат дека работите подобро отколку што самите верувате во тоа.
Следните три особини можат да покажат дека сте наменети за многу успешна кариера:
Секогаш трудете се да бидете подобри
Не плашете се да ги покажете вашата креативност и интелигенција. Охрабрете се секогаш да го поставите прашањето: “Зошто е направено на овој начин?” И секако, дајте ваш предлог на решавање на проблемот или наоѓање на подобро решение. Бидете подготвени и потрудете се да го решите проблемот на начин на кој никогаш порано не бил решен.
Имате визија за тоа што сакате да постигнете во животот
Безброј лидери, од Опра Винфри до Стив Џобс, ја наведоа визуелизацијата како моќна техника за манифестирање успех. Не плашете се однапред да испланирате како сакате да изгледа вашиот идеален просечен ден и со какви луѓе сакате да бидете поврзани или да се среќавате, бидејќи тоа ќе ви помогне во изградбата на успешна кариера. Всушност способноста да се визуелизирате себеси постигнувајќи успех и да живеете со својот живот од соништата, може да ве однесе на вистинскиот пат.
Неуспехот го прифаќате подеднакво добро како и успехот
Само успешните луѓе можат да ја разберат и да ја ценат вредноста на неуспехот. Наместо на него да гледате само како неуспех, искористете го за да научите важна лекција. Ако во вашиот професионален живот и вашата професионална кариера не сте подготвени за пораз, значи дека не се трудите доволно.
Крај