Запознајте го AquaSonic, првиот “подводен” бенд во светот
AquaSonic е првиот “подводен” бенд во светот – амбициозен проект на 5 дански музичари кои настапуваат потопени во аквариуми.
По потекло од Данска, авангардниот ансамбл Between Music посветил години експериментирајќи со подводна музика, развивајќи свои сопствени инструменти со помошта добиена од голем број на нуркачи, научници и занаетчии.
Пеејќи и свирејќи целосно потопени во резервоари, колективот прв пат настапи како AquaSonic во Холандија во 2016 година. Сега, тие се подготвени да го претстават проектот на овогодинешниот фестивал во Сиднеј, Австралија настапувајќи од 6ти до 9ти Јануари на Carriageworks.
“Свирењето музика во живо под вода е навистина голем предизвик”, изјавил Robert Karlsson, ко-основачот на бендот. “Оваа препрека создава огромно присуство на изведувачите…Едноставно не можете да размислувате за нешто друго. И мислам дека ова е нешто што публиката може да го почувствува.”
“Водата е исто така нешто што е заедничко за сите нас, над религијата или културата, над “тие и ние”, што мислам дека прави оваа изведба да опфаќа голема публика – не само редовните посетители на театрите или концертите”.
Ко-основачот, уметничкиот директор, композитор и музичар Laila Skovmand дошла до идејата за бендот во 2002 кога експериментирала со својот глас. Таа сакала да ги истражи ефектите од пеењето низ водена површина, па наполнала сад со вода и почнала да пее.
“Неколку години подоцна, во една Европска лабораторија за уметници, добила шанса да се обиде да пее целосно потопена и исто така пробала неколку инструменти”, вели Karlsson. “Не звучело многу добро, но таа се заинтригирала и фасцинирала од овој нов елемент во полето на музиката”.
И така започна 11-годишното патување да се развие AquaSonic, бенд кој денес брои 5 членови.
Па, кои се инструментите што ги користи овој бенд и како функционираат? Со називи како на пример хидраулофон, кристалофон и ротакорда, инструментите на AquaSonic се посебно изработени во соработка со изработувачи на иструменти во САД, Канада и Данска.
“Некои од нив се засновани на стари идеи, како на пример ротакордата – жичан инструмент каде тркало ги допира жиците за да свират, или кристалофонот – стаклен инструмент каде свирам на стаклени садови што се вртат”, изјавил Karlsson.
“Нашиот хидраулофон на Ryan Janzen е нешто како воден орган – единствениот инструмент кој користи вода која вибрира за да произведе звук”.
Поврзани со микрофони, резервоарите функционираат и самите како инструменти.
Па, како музичарите свират под вода без нуркачки резервоари? “Излегуваме надвор и дишеме помеѓу фразите”, објаснил Karlsson. “Одредени моменти се внимателно испланирани во композицијата, во други моменти е малку послободно”.
Извор: mashable
Крај