13-дневна астронаутска диета: за тело какво што посакувате!
Астронаутската диета помага за забрзување на метаболизмот и за слабеење. Не грижете се, нема потреба да одите во вселената за да ја следите оваа диета! Едноставно следете ги овие упатства и почнете да се чувствувате лесно како да сте во нулта гравитација!
Оваа диета се нарекува астронаутска поради различната храна од која што треба да се откажете. Диетата се состои речиси целосно од протеински производи, а влакната и јаглените хидрати се значително намалени. Исто така, ќе треба да го намалите дневниот внес на калории. Благодарение на високата количина на протеини што ќе ги јадете, оваа диета придонесува за брзо губење на тежината без да им предизвика штета на мускулите.
Обидете се да ги избегнувате овие производи:
Газирани и овошни сокови
Алкохол (главно поради тоа што содржи шеќер)
Сол и шеќер
Скробен зеленчук (компир, цвекло, пашканат и морков)
Ориз и тестенини
Леб и житарици
Сувомесни производи
Јадете повеќе:
Печурки
Јајца
Риба и пилешко месо
Домати и краставици
Марула и зелка
Брокула, карфиол и боранија
Тиква
Салата
Сирење или тофу
Веганско млеко (бадем, ориз, соја)
Други производи кои не се на “забранетата листа”
Пример дневно мени:
Појадок: две варени јајца + една чаша кафе без млеко или шеќер.
Ручек: половина парче пилешко месо со половина литар пилешка супа (во која е варено) + салата со домати и печурки + чаша млеко од соја или црно кафе.
Ужина: еден портокал или шолја зелен чај.
Вечера: чаша бадемово млеко, риба и 150 гр тофу.
Можете да го замените тофуто со урда, пилешкото месо со риба, кафето со зелен чај и портокалот со јаболко.
Важна забелешка: Не ги игнорирајте витамините и минералите. Исто така, не заборавајте да пешачите или да трчате секој ден и да пиете многу вода (до 2 литри на ден).
Крај