Аутизмот е поврзан со недостатокот на витамин Д на бебето во матката
И претходно постоело сомневање за ваквата поврзаност, но сега експертите заклучија дека врската помеѓу витаминот Д и развојот на пореметувања од аутистичен спектар е многу јасна.
Децата кои до својата трета година биле со дијагноза за аутизам имале пониско ниво на витамин Д додека сѐуште биле во матката, покажало новото кинеско истражување објавено во Journal of Bone and Mineral Research. Со тоа откриена е поврзаноста помеѓу аутизмот и недостатокот на витамин Д.
Експертите сметаат дека ниското ниво на овој витамин во текот на бременоста може значително да го зголеми ризикот од развој на аутизам кај детето.
За време на истражувањето, направена е споредба помеѓу нивото на витамин Д кај децата на возраст од 3 години и нивото на истиот витамин додека биле во мајчината утроба. Овие податоци се добиени од анализата на крвта веднаш после раѓањето на бебето.
Од 1000 тригодишни деца , 310 развиле аутизам.
Нивото на витамин Д било значително пониско кај децата со аутистичен синдром. Оние кои имале најниско ниво на витамин Д како новороденчиња имале за 260% поголем ризик од развој на аутизам, во споредба со бебињата кои имале нормално ниво на витамин Д – наведено е во истражувањето.
Пореметувањата од аутистичен спектар се карактеризираат со тешкотии во комуникацијата и друштвената интеракција, како и тешкотии во когнитивна и емотивна смисла. Новите истражувања укажуваат на тоа дека проблемот би можело да биде во преголемиот број врски помеѓу мозочните клетки, што може да го преоптовари и збуни мозокот. Иако, и самите експерти не можат да сфатат како е можно да се има премногу невронски врски.
Витаминот Д е поврзан и со други состојби како на пример деменција и ментални болести како шизофренија и депресија. Ако на телото му недостасува витамин Д, менталните болести и симптоми можат дури и да се влошат.
Нашето тело произведува витамин Д додека сме изложени на сончевите зраци. Овој витамин е важен за апсорбција на калциум, раст и развој на имунитетот, пишува во International Business Times.
Извор: 24sata.hr
Крај