Бабин лек за појак детски имунитет
Кога мојата ќерка започна да оди во градинка на 11 месеци, почнаа да се појавуваат и првите настинки. Од ваквите маки не можевме да сврземе крај со крај. Се вртевме во маѓепсан круг -покачена температура, која би преминала во воспаление на ушите, бронхитис и тн.
Докторите имаа решение – антибиотик, сѐ додека моето дете не стана имуно на скоро сите антибиотици.
Еден ден се пожалив на роднина како детето ми е постојано болно, додека баба ми не ме одмери од глава до пети и онака грубо ми рече:
“Па дај и овес!”
Најпрво помислив дека само ме зафркава, па ја прашав да повтори што ми рече:
“Дај му на детето овес и не грижи се. Ние в село така ги лекувавме коњите!”
“Баба, моето дете нема да јаде нешто што им се дава на коњите!” ѝ реков јас навредена, но мојата баба онака одмерено ми одговори:
“Па тогаш труј ја со антибиотици до бескрај. И повеќе да не ми се пожалиш што е болна!”
Размислив добро за нејзините зборови и помислив “полошо не може да ѝ биде”, па покорена се вратив кај баба ми по рецептот за народниот лек.
Потребни состојки:
- 1 шолја овес
- ½ шолја шеќер
- 1 шолја вода
Подготовка:
Состојките турете ги во сад за готвење и оставете смесата да зоврие и овесот да се свари. Процедете ја водата од сокот и давајте му на детето секое утро на празен желудник 40 дена.
После тој период направите пауза од 15 дена и повторно давајте го лекот 40 дена.
После ова лекување со помош на овес моето дете се препороди. Од кашлицата и респираторните инфекции повеќе немаше ни трага!
Воодушевена бидејќи баба ми беше во право одлучив да ги истражам сите предности на овесот за човечкиот организам и дојдов до следниве податоци:
– Овесот е извор на протеини, витамини, а посебно витамини од B комплекс, важни минерали како што е калциум, магнезиум, натриум, силициум, железо, манган, цинк, бакар, додека во доволно количини има и флавоноиди, калиумови соли, скроб и шеќер.
– Со готвењето, кое не треба да биде подолго од 5 минути, оваа житарица на губи ништо од хранливите вредности, а станува лесно сварлива. Затоа посебно се препорачува кај слабите и уморни лица, кај жените после породување, како и кај лицата изложени на физички и психички напор. Кај децата помага при развојот на коските и забите.
– За јакнење на организмот може да се прави и чај од овес. Полна шака неизлупен овес се мие во ладна вода, а потоа се цеди и се прелива со литар ладна вода. Содржината се загрева до вриење, а потоа се остава да вари 5 минути, се трга од шпоретот и се остава да стои 1 час. Откако ќе отстои, се цеди и пие во текот на денот, а по желба може да се заслади со мед. Овој чај треба да им се дава на слабокрвните деца, као и на лицата кои се опоравуваат после исцрпувачки болести, бидејќи помага во зајакнување на имунитетот.
Извор: stil.kurir.rs
Крај