Бамбусот носи среќа во домот!
Бамбусот има важна улога во фенг шуи и ги претставува елементите на вода, дрво и земја. Ова растение е едно од најпрепознатливите и популарни фенг шуи лекови. Тоа е лесно за одгледување и може да преживее во секаков вид на светлина. Фенг шуи принципите тврдат дека бамбусот привлекува успешна енергија. Бидејќи бамбусот е цврсто и силно растение, може да ја пренесе таа енергија и во вашиот дом.
Среќата што е поврзана со бамбусот зависи од бројот на стебленца поставени заедно во аранжман. Колку повеќе стебленца има, толку е поголем благословот на среќа и благосостојба.
Еден вид на бамбус е оној без корени, кој се става во вода за да може да разлиста и постојано да произведува нови листови. Овој бамбус е симбол на силен живот исполнет со просперитет. Затоа е совршен подарок за некој кој има свој бизнис, бидејќи означува постојан раст.
Во домот, најдобро е да чувате три стебленца бамбус, бидејќи тоа ќе ви донесе три вида среќа: задоволство, долг живот и богатство (напредок во кариерата).
Бамбусот уште одамна е кинески симбол за сила, токму поради неговите квалитети за брз раст и издржливост. Многу луѓе го подаруваат за родендени, годишнини, награди, достигнувања и други прослави. Да добиете вакво растение како подарок значи уште поголема среќа за вас отколку ако сами го купите.
Крај