Ако не можете да си дозволите роботска правосмукалка, искористете го вашето бебе
Роботските правосмукалки и џогери во моментов се особено актуелни. Секој сака да има чист под без да мрдне со прст, но не секој сака или може да си дозволи да ги купи.
Па, постои една автономна смукалка/џогер која поради опседнатост со роботските правосмукалки, некако ја изоставивме – па ако не сакате да се расфрлате со пари за вистинска роботска правосмукалка, можете на пример да го искористите вашето бебе.
Во прилог слика од Бебе Џогерот (Бебето не е вклучено во понудата).
Научете го вашето бебе на сите доблести од напорната работа и одговорноста уште во рана возраст со овие шпихозни на кои е пришиен моп за џогирање. Комплетот е навистина сладок со апликација од лавче и секако соодветни жолти микровлакна од моп.
Симпатично и меко.
Секако вашето бебе веќе ползи околу подот во кујната и во дневната, па зошто да не избрише и малку нечистотија и прашина кога веќе е на подот? Плус, можете ли да се замислите кога во иднина ќе ги гледате старите слики од вашето бебе? Исто така е и одличен подарок за вашата пријателка или роднина која има бебе ( и добра смисла за хумор).
Извор: mashable
Крај