Безглутенска исхрана: производи кои треба да ги исфрлите
Без оглед на причината што ве води кон исхрана без глутен, веројатно ќе ви биде тешко да одредите која храна треба да ја избегнувате, односно да ја вклучите во вашата исхрана.
Во прилог прочитајте ги основните производи кои не треба да се консумираат ако следите безглутенска исхрана:
Зрна
Златното правило вели дека треба да ги исфрлите зрната од исхраната ако сакате да ги избегнете реакциите предизвикани од глутен во вашето тело. Еве на што треба да внимавате: презла (трошки од леб), вафли, ‘ржан леб, колачи, тестенини, бисквити, крофни и сите останати производи кои содржат зрна.
Сепак, не губете надеж бидејќи повеќето производители прават верзии на овие производи без глутен.
Оризот и пченката се сметаат како безбедни алтернативи кои можат да се консумираат како замена за останатите производи.
Зачини и додатоци
Ако сте нетолерантни на глутен, треба да знаете дека повеќето зачини и додатоци се богати со глутен и тие најверојатно ќе ви предизвикаат проблем. Треба да избегнувате: соја сос и различни видови на сосови кои можат да се најдат во маркетите, засладувачи и подобрувачи на вкусот итн. Исто така, треба да ги исклучите и преливите за салати од вашата исхрана, бидејќи користат зрна и брашно за задебелување.
Алкохолни пијалаци
Повеќето алкохолни пијалаци користат зрна како главна состојка, а виното и пивото се на врвот на оваа листа. Бидете особено претпазливи ако пиете било кој од пијалаците базирани на жито како џин и виски, бидејќи иако постојат претпоставки дека овие пијалаци се безбедни откако ќе го поминат процесот на дестилација, кај некои пациенти сѐ уште предизвикуваат реакции.
Преработени месни производи
Сите знаеме дека преработената храна е нездрава за сите. Преработеното месо има висока содржина на конзерванси и адитиви кои можат да содржат глутен.
Исто така, постои мислење дека месото добиено од животни кои се хранат со зрна може да предизвика реакции кај луѓето кои не се толерантни на глутен.
Слатки
Сите слатки ужини се прават со брашно и адитиви кои содржат глутен. Затоа, треба да се осигурате дека ќе ги избегнувате сите производи базирани на засладувачи, чоколада, сладолед и бонбони со екстракти од житни култури.
Важно е да проверите на етикетите за да одредите дали производот што го купувате е без глутен.
Крај