Би сакала да ги знаев овие работи пред да се омажам, за да бидам подобра сопруга
Растејќи покрај таткото и браќата, можеби мислите дека знаете сѐ за мажите. Но, всушност има неколку важни работи кои сигурно сте ги пропуштиле, а кои ќе ви помогнат да се подготвите за брак и да бидете подобра сопруга.
Мажите не можат да читаат мисли.
Ако “навестувате” дека сакате помош, мажите нема да го сфатат тоа. “Би сакала да бев повисока за да можам да го достигнам садот” звучи како едноставна изјава. Молбата звучи многу подобро и појасно во секој случај: “Те молам подај ми го садот, јас не можам да го дофатам”.
Мажите не сакаат да бидат бомбардирани со нови проблеми веднаш штом влезат дома.
Не избрзувајте веднаш да му ги кажете проблемите. Дајте му време да се ослободи од проблемите и грижите поврзани со неговата работа, пред да му ги кажете новите.
Мажите сакаат некој да ги слуша нивните соништа.
Тоа не значи дека утре ќе дадат отказ и ќе тргнат со брод ширум светот, но важно им е да ги споделат со некој нивните желби. Најдете време почесто да го прашувате што би сакал да направи ако нема обврски или за што мечтаел уште како дете. Дајте му простор за мечтаење.
Мажите се раѓаат со желба да се борат и да ги заштитат послабите.
Но, тие инстинкти ретко имаат шанса да ги изложат во реалниот свет. Ние не треба да ги криеме нашите грешки или да бидеме “совршени сопруги”. Наместо тоа, добро е да се обратиме кон нив за помош или совет. На тој начин им даваме на нашите мажи шанса да го спасат денот.
Добар оброк и љубезна насмевка од сопругата можат да ја тргнат секоја друга грижа.
Тука нема што повеќе да се каже. Пробајте, сигурно вашиот сопруг ќе се согласи со ова!
Крај