Бисквит колачи готови за 15 минути
Состојки:
125 гр путер
1 јајце
1 ванилин шеќер
6 лажици шеќер во прав
1 шолја (200 мл) брашно
Подготовка:
1. Во сад се става 1 јајце и претходно растопениот путер и се меша со маталка.
2. Потоа се додава ванилиниот шеќер и шеќерот во прав и сите состојки убаво се мешаат.
3. Брашното се додава полека постојано мешајќи додека смесата не се соедини.
4. Плехот се обложува со хартија за печење, а хартијата се прска со масло за јадење.
5. Со лажица се зема од подготвената смеса и се става на плехот формирајќи кругови со големина по желба.
6. Колачите се печат 7-10 минути (или додека не добијат светло кафена боја) во претходно загреана рерна на 220 степени.
Крај