Брачен феномен кој сѐ почесто се среќава и кај нас
Треба ли да ве загрижува оваа појава? Научниците тврдат дека не треба…
Односите на работа кои се слични на брак денес во САД се толку нормални што имаат и сопствени називи – “work wife” и “work husband”, меѓутоа и кај нас, како што сѐ повеќе време поминуваме на работа, вработените сѐ почесто уживаат во сосем посебниот однос со својот колега/колешка. На повеќето луѓе, сигурно им е познато прекрасното чувство кога колегата ќе им стане близок пријател.
(Платонска) љубов на работното место
Во Америка веќе е развиен тренд “жена или сопруга на работа”, што означува однос меѓу двајца колеги сличен на брак, но чисто од платонска љубов. Освен што се заедно на работа, тие колеги често после работното време одат на еден или два пијалоци, во канцеларија се здружен тим и покрај целата напорна работа, добро се забавуваат.
Американските научници Karla Bergen и Chad McBride објавиле истражување под наслов “Работа-брак” и исткнуваат дека луѓето кои имаат “брачен партнер на работа” се посреќни и позадоволни од својата работа. Зошто? Со “деловниот брачен партнер” можат поопуштено да разменуваат добри и лоши работи кои се случуваат на работното место, а и постојано меѓусебно си го чуваат грбот. Затоа не е чудно што за таквите луѓе заминувањето на работа е некако полесно. Дури и нивните партнери во “реалниот живот” не би требало да бидат загрижени, бидејќи овде без оглед на називот не се работи за изневерување.
Извор: 24sata.hr
Крај