Дали е важно да бидете во брак пред да добиете бебе?
Новиот холивудски тренд да се роди дете и жената да се врати во форма пред да стапи во брак, сѐ повеќе почнува да се применува и кај нас. Во последните години многу често паровите одлучуваат да живеат заедно и да имаат дете без да стапат во брак или да го направат тоа подоцна откако веќе имаат дете. Па, се поставува прашањето дали бракот и неговото значење се веќе застарена работа? И дали мора да се биде во брак за да се има дете?
Многу парови – млади и стари – сега размислуваат дека не е потребно парче хартија за да бидат заедно и верни еден на друг. Најважно е да се биде среќен и исполнет во врската и да се има заемна почит и поддршка. И ако тоа е всушност и суштината на бракот, зошто тогаш да се стапува во брак ако веќе го имате сето тоа?
Овде станува збор за многу личен избор и не треба да се осудуваат паровите кои имаат деца а не се во брак, како што тоа некогаш се правело.
Бракот не значи дека парот ќе биде повеќе посветен на децата, но можеби децата ќе се чувствуваат посигурно и стабилно знаејќи дека мама и тато се во брак.
Крај