Еве што треба да знаете за бременоста после 35-тата година
Многу жени кои имаат повеќе од 35 години и сѐ уште не формирале свое семејство сметаат дека е веќе доцна и дека нивната шанса да бидат мајки е одамна помината.
Вистина е дека жените над 35-годишна возраст се етикетирани како жени во поодмината возраст за бременост, но тоа не значи дека не можат сѐ уште да раѓаат. Погрешно е и неодговорно да им се дозволи на жените да мислат дека е невозможно да се зачне по 35-тата година.
Денес многу парови одлучуваат да го имаат првото дете во доцните 30-ти и раните 40-ти години. Со мала помош од современата медицина, сѐ е возможно!
Нормално е да се биде загрижен за бременоста во поодмината возраст, но сепак жените на возраст од 35 години се генерално здрави и можат да имаат бебиња. Дури и со проблемите со плодноста, постојат многу начини да им се помогне на семејствата да имаат деца.
Она што повеќе загрижува е мислењето и убедувањето дека кај жените над 35 години се намалува плодноста и тие веќе не можат да носат дете, што не е точно. Тука повеќе станува збор за загриженост отколку за реалност.
Еве што треба да знаете за бременоста после 35-тата година:
1. Да имате дете во поодмината возраст е тренд
Денес, најбрзорастечката група на жени кои имаат деца се наоѓаат во 40-тите години. Всушност, возраста на мајката со години се зголемува низ целиот спектар на возрасти. Жените одлучуваат да имаат деца во што подоцнежна возраст и ова е тренд кој ќе продолжи.
2. Жената може да живее подолго
Тековна студија открива дека жените кои родиле после 40-тата година имале четири пати поголема веројатност да живеат до 100 години отколку жените кои имале деца на помлада возраст.
3. Добивањето дете подоцна во животот ве одржува млади
Несомнено е дека гледањето на животот преку очите на детето ви дава чувство на младост, а овој вид позитивен став им помага на постарите родители да живеат подолг, посреќен и безгрижен живот.
4. Раѓање дете на оваа возраст може да ве направи попаметни
Една неодамнешна студија за мајки постари од 35 години, покажала дека тие имаат корист од хормоните кои го преплавуваат телото и мозокот за време на бременоста, зголемувајќи го решавањето на проблемите, менталното расудување и меморијата.
Крај