Брз и вкусен рецепт за ручек
Состојки:
- месо од свински бут исечено на коцки
- неколку варени домати
- 1 главица кромид
- праз
- сол
- лук
- малку црно вино
- брокула или друг зеленчук
Подготовка:
Во тавче пропржете го кромидот. Додадете го празот, а откако ќе омекне додатете го и свинското месо. Истурете ги доматите и додадете малку црно вино. Додадете црвен пипер, сол и зачини по желба. Оставете го да се динста на умерена температура околу 1 час.
Кога месото е меко, додадете ја брокулата која претходно сте ја измиле и 3-4 чешниња лук. Можете исто така да додадете друг зеленчук, како на пример тиквички и карфиол. Оставете 5 минути да се пропржи и јадењето е готово!
Крај