Чајот од босилок ја зголемува продукцијата на млеко кај доилките
Босилокот содржи етерично масло, танини, гликозиди, сапунини и аскорбинска киселина. Богат е со антиоксиданси и тоа најмногу со бетa каротен. Во босилокот има значајни количини на витамин Б6 и магнезиум.
Освен пријатниот мирис, арома и вкус, босилокот има и лековити својства. Антиоксидансите кои ги содржи го штитат телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали, го спречува стареењето на клетките и го спречува настанувањето на неколку видови на рак. Босилокот е корисен и за белодробните заболувања. Успешно се применува за третман на многу болести на уринарниот тракт, воспаление на бубрезите или болно мокрење. Повеќе истражувања покажале дека има поволно влијание врз имунолошкиот систем на човекот.
Свежите листови и маслото од босилок имаат антибактериско и антисептично дејство. Босилокот може да се користи и локално, така што свежи листови се ставаат врз раната и спречуваат бактериски инфекции.
Исто така се користи и за лекување на стомачни проблеми, грчеви и надуеност на стомакот. Босилокот е добро познато средство за смирување и третман на несоници.
Чај од босилок:
Исечете ги листовите од босилок и прелијте ги со топла вода, оставете ги да отстојат околу 8 минути, а потоа процедете ја течноста. Чајот треба да се консумира незасладен, 2-3 пати на ден.
Чајот од босилок им помага на доилките да ја зголемат продукцијата на млеко.
Извор: ваш аптекар
Крај