Чаша здрав напиток за здрав организам
Начинот на кој ќе го започнете денот е многу важен. Хармонизацијата на утринските ритуали и потребите на организмот се најважни!
Одвоете време за еден нов ритуал, па наместо со утринско кафе, денот почнете го со чаша топла вода и лимонов сок.
Несомнено оваа навидум едноставна комбинација може значително да го подобри вашето енергетско ниво и поволно да влијае на општата здравствена состојба.
Предностите на ваквиот почеток на денот, меѓу другото ќе придонесат за:
- Јакнење на имунитетот – лимонот е резервоар за витамин Ц и калиум. Силен антиоксиданс и одличен во справување со настинки и грип.
- pH баланс – лимонот е алкална намирница, а алкалното тело е клуч за добро здравје.
- Подобра дигестија – топлата вода го стимулира дигестивниот тракт, додека лимонот е богат со витамини и минерали, па помага телото да се ослободи од токсините.
- Блага природна диуреза – лимонот и водата го чистат организмот и вршат благо испирање на бубрезите и црниот дроб од штетните материи.
- Чиста и здрава кожа – витаминот Ц помага во борбата против пегите и брчките. Водата со лимон ги елиминира токсините од телото, па ја прават кожата чиста и здрава.
- Витка линија – лимонот е полн со пектински влакна, па помага во намалување на потребата за храна. Водата природно го потиснува апетитот. Доколку сте дехидрирани, чувството за глад се зголемува. Лимонот помага и во редукција на целулитот.
Една чаша на ден може да го промени целиот ден!
Извор: ваш аптекар
Крај