Не можев да го поднесам сопругот првите недели после раѓањето на бебето
Ова го кажувам на најљубезниот можен начин, но го мразев мојот сопруг првите неколку недели откако се роди нашиот син.
И не мислам на она клише “ти ми го направи ова!” Туку постпородилно, откако магливиот адреналин од престојот во болница исчезна, бев вознемирена што тој не можеше да држи чекор со мојата новооткриена мајчинска суперсила и способност да ја преведам секоја потреба на моето новороденче.
Постојано го прекорував дека заборавил да стави маст кога ја менувал пелената или дека не го држи бебето на вистинскиот начин, па кога требаше да се направи било што поврзано со бебето само велев: “Остави, јас ќе го направам тоа.”
Не се гореам со себе, но пред да ми судите, треба да знаете дека јас не сум единствената и станува збор за она што експертите го нарекуваат “чувар на мајчинството”. Во суштина станува збор за намерно исклучување на партнерот и превземање на водечката улога во семејството откако ќе се роди бебето. Прекорувањето на партнерот за промената на пелената, хранењето или изборот на аутфитот на бебето – сите се начини на кои сте “чувар на мајчинството” и дозволувате да се гради и зголемува вашата фрустрација.
Добрата вест е дека прогласувањето на примирје е едноставно. Следниот пат кога ќе почувствувате фрустрација кон партнерот, запрашајте се: дали ќе му наштети на бебето ако ги промени пелените на свој начин? Дали мојот начин е подобар? Веројатно да! Но, се додека пелената е сменета и можам да останам во кревет, тоа е на некој начин победа за мене.
Крај