Неверојатни совети за чистење прашина низ домот
Исчистете ја прашината од сијалиците со крпа натопена со алкохол.
Со отстранување на слојот прашина што ја покрива сијалицата таа ќе свети повеќе, а оттука и просториите ќе бидат посветли. Помалку сијалици за осветлување на собата = помалку електрична енергија = заштедени пари.
Исчистете ги таванските вентилатори со стара навлака за перница.
Најдете мека памучна навлака која веќе не ја користите и со неа исчистете ја прашината од таванските вентилатори. На овој начин целата прачина ќе падне во навлаката, наместо на вашата глава или на подот!
Старата четка за заби искористете ја за чистење на цвеќињата во домот.
Исчистете ги ливчињата од природните или вештачките цвеќиња кои ги чувате во домот со нежно четкање. Се разбира дека повремено треба да ја чистите четката од насобраната прашина.
Вклучете го клима уредот пред да почнете да чистите и оставете го вклучен за време на чистењето.
За време на чистењето многу честички се разлетуваат низ воздухот. Со вклучување на клима уредот пред и за време на чистењето, сите тие честички ќе бидат повлечени низ воздушниот филтер и ќе се ослободите од нив.
Ставете малку омекнувач за алишта на крпата за чистење за да спречите прашината повторно да се залепи.
Користете мала количина на омекнувач за алишта на крпа од микрофибер за ефикасно чистење прашина.
Исчистете ја компјутерската тастатура со алкохол, мека крпа и чепкалки за уши.
Ставете малку алкохол на мека крпа за да ги избришете бактериите и нечистотија од површината од тастатурата (внимавајте да не користите премногу течност!). Тешко достапниот дел помеѓу копчињата исчистете го со чепкалки за уши.
Исчистете ја прашината од ролетните со стари памучни чорапи.
Стаклото и огледалата исчистете ги со весник.
Извор: thekrazycouponlady
Крај