Човек се сака додека е жив, а не кога ќе умре: Вистина која треба да ја запомнете!
Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре.
Затоа сега размислете убаво за кавгата која имате намера да ја започнете со некоја личност која погрешно ве погледнала, која рекла нешто непримерно, или несакајќи ве повредила. Дали е најважно во секоја ситуација да се покажете надмоќни, по цена другиот да се понижи? Дали навистина сакате да се поставувате во улога на судија спрема другата личност, а и самите сте свесни дека некогаш сте направиле многу поголема грешка отколку што направила личноста која сега ја судите.
Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Затоа убаво размислете ако одлучите засекогаш да прекинете со некоја личност само затоа што е повредена вашата гордост. Дали навистина сакате во секоја битка да излезете како победник без оглед на цената која треба да ја платите? Дали во секоја трка најважно е првото место или личноста која паднала пред вас, а покрај која сте поминале онака немо? Дали навистина е најважно кој е попаметен, појак, подобар, посилен, попривлечен, побогат?
Човек се сака додека е жив, не кога ќе умре. Тогаш не му требаат убави зборови, тие му се потребни додека е жив. Тогаш не треба толку многу да зборувате за неговите идеали и соништа, потребно му е да не го гушите додека е жив. Тогаш не му требаат еден тон цвеќиња и пофални зборови, туку сега му е потребен еден нежен поглед, допир, стискање на раката. Сѐ она што тогаш не сте дале, не треба ни покасно да го дадете, тоа е само глума или каење што на крај на таа личност исто ѝ се фаќа.
Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре. Побарајте ја сега таа личност, развеселете ја со вашето присуство. Немојте да чекате момент кога сѐ ќе биде касно. Ако таа личност ви направила нешто лошо, запишете го тоа на песок, а не на камен, бидејќи после последниот звучен сигнал натпреварот веќе не се брои. После последната издишка сета ваша љубов која не сте ѝ ја дале, а сега сакате, не може да ја врати личноста, ниту нешто да промени. Затоа никогаш не заборавајте: Човекот се сака додека е жив, не кога ќе умре.
Извор: stil.kurir.rs
Крај