10 чудни и интересни факти за храната кои сигурно не ги знаете
Храната ја адеме секој ден, но колку всушност знаеме за неа? Овие интересни факти за храната сигурно ќе ви го разнесат умот. Можеби знаете некои од нив, но сигурно не ги знаете сите!
Некои од фактите се интересни, некои се чудни, а некои речиси изгледаат премногу луди за да бидат вистинити. Се надеваме дека ќе уживате.
1. Дури во 2011 година Русија го класифицирала пивото како алкохол.
До 2011 година, пивото и сите алкохолни пијалоци кои содржеле под 10% алкохол биле сметани за безалкохолни пијалоци. Но, ова не можело да трае вечно. Во 2011 година, Русија воведе закон за контрола и ограничување на продажбата на пиво на малолетници.
2. Храна која најмногу се краде во светот е сирењето!
Ова е дефинитивно еден од најизненадувачките факти во оваа серија. Околу 4% од вкупното производство на сирење на светско ниво се краде. Постои дури и нелегален пазар за продажба на украдено сирење.
3. Јастозите и морските плодови биле храна за работничката класа.
Таква е лудата природа на животот: храната што денес ретко кој може да си ја дозволи и која е помеѓу најскапите специјалитети во рестораните, порано се сметала за едвај достојна за човечка консумација. Вообичаено јастозите се враќале назад во морето или им се давале на слугите. Исто така постоел закон за тоа колку јастог може да му се даде на затвореник, бидејќи премногу се сметало за сурово. Колку само се променија работите!
4. Голема количина на ‘фстаци може спонтано да се запали.
Маслените влакнести материјали што се користат за транспорт на ‘фстаците може да предизвикаат тие да се запалат! Бидете претпазливи секогаш кога носите голема количина на ‘фстаци.
5. Лепенките од овошјето можат да се јадат!
Сега не мора повеќе да полудувате кога ќе загризите и дел од лепенката. Да бидеме јасни: фактот што лепенките не се токсични и можат да се јадат не значи дека треба да ги јадете!
6. Како бил измислен сендвичот?
Сендвичот е еден од оние пронајдоци кои покажуваат дека луѓето се паметен и талентирани. Едноставно ве тера да размислите зошто не го правеле секогаш. Приказната за пронајдокот е дека го измислил Џон Монтагу, зависник од коцка кој не сакал да ја напушти масата за да јаде.
7. Невозможно е печурките да се зготват повеќе отколку што е потребно.
Ако некогаш сте ги изголереле печурките, сега веќе немате изговори. Во клеточните ѕидови на печурките има посебен полимер кој им го дава сочниот и мек вкус. Ако успеете да ги изгорите печурки, тогаш сте исклучително лош готвач!
8. 25% од вкупниот број на лешници на светско ниво, се користат за производство на Nutella.
Nutella стана толку популарен бренд што 1 од 4 лешници на оваа планета завршува токму во нивните тегли. Побарувачката за лешници расте толку многу што универзитетите се обидуваат да ги развијат во лаборатории за борба против глобалните недостатоци.
9. Без мувите, чоколадата не би постоела.
Тоа е точно! Затоа следниот пат размислете пред да сплескате мува. Па, всушност, постои одреден вид на мали микроскопски инсекти кои се од суштинско значење за опрашување на какаото и ја прават возможна чоколадата. Сепак, никогаш повеќе нема да повредиме мува.
10. Црниот бибер бил луксуз во Средниот Век.
Денес, бибер може да се најде секаде и ретко кој го нема дома, но тоа не било секогаш така. Во Средниот Век, биберот бил толку скап што понекогаш се користел за плаќање на даноци.
Крај