Дали е дозволена чаша вино во бременоста?
Како што женските хормони почнуваат да се менуваат во бременоста, може да се почувствува гадење, замор, вртоглавица и промени во расположението, а да не ги спомнуваме и вознемиреноста и можниот страв што се зголемуваат како што поминуваат неделите. Па, колку може да биде лошо мало опуштање со чаша вино?
Долго време се препорачува да не се консумира алкохол за време на бременоста, бидејќи може да биде причина за вродени дефекти што можат да му наштетат на фетусот. Дури и умереното пиење може да предизвика доживотни проблеми со учењето и однесувањето на детето.
Но, во последниве години, препораката за неконсумирање на алкохол во бременоста е доведена во прашање.
Дали умереното пиење е во ред?
Една чаша вино со ручек или вечера може да биде совршено здрава, според некои студии.
Една студија објавена во 2013 година открила дека бебињата од мајки кои не го отфрлиле целосно алкохолот за време на бременоста, имале малку подобар развој на мозокот. Исто така се покажало дека децата чии мајки не го следеле строгото правило на некосумирање алкохол, всушност се покажале подобро на когнитивните тестови од оние чии мајки не консумирале ниту капка алкохол за време на бременоста.
Иако постојат студии кои укажуваат на фактот дека минималното консумирање на алкохол во бременоста не влијае лошо на здравјето на бебето, сепак многу жени но и лекари се збунети бидејќи е тешко прецизно да се каже колку алкохол е премногу во бременоста.
Токму поради овој факт, се советува целосно да се исфрли алкохолот за време на бременоста, бидејќи не може да се дефинира колкава количина на алкохол е безбедна.
Крај