Дали ова може да ги заштити пешаците од несовесните возачи?
Во мал рибарски град во Исланд, безбедноста на патиштата доби нова димензија или подобро кажано 3D димензија.
Насликан е нов пешачки премин што изгледа како 3D со помош на умешно детализирана оптичка илузија.
Не само што иновативниот дизајн ви дава чувство на лебдење кога се движите по него, туку го привлекува и вниманието на возачите, кои сигурно ќе ја намалат брзината откако ќе ги забележат навидум лебдечките “зебра ленти”. Исландскиот комесар за животна средина, Ралф Трипла побара да се направи овој пешачки премин откако видел сличен проект во Њу Делхи, Индија.
Па, добро би било вакво нешто да се направи и кај нас. Можеби ова на некој начин ќе влијае на несовесните возачи.
Извор: boredpanda
Крај