Дали треба да им ја кажете вистината за Дедо Мраз на вашите деца?
Периодот околу Новогодишните и Божиќните празници е исполнет со декорации, новогодишни елки, подароци и… Дедо Мраз. Па, разбирливо е вашите деца да бидат љубопитни и да поставуваат многу прашања поврзани со Дедо Мраз, а едно од најпоставуваните е: Дали Дедо Мраз навистина постои?
Експертите имаат многу да кажат на оваа тема и да им олеснат на родителите кои се двоумат кој е вистинскиот одговор на ова прашање.
“Оваа година за Божиќ, ќе им дадам на моите деца нешто многу поголемо и поубаво од играчките. Ќе им ја дадам вистината” – пишува авторот на книги за деца, Џошуа Дејвид Штајн. Според него лагите што им ги кажуваме на нашите деца за Дедо Мраз, се само лаги и ништо друго и имаат прилично сериозни последици. Штајн забележува дека една добронамерна лага (Дедо Мраз е вистински) ги принудува родителите да создаваат цела мрежа на лаги (како одговор на неизбежните прашања за тоа како тој е на толку многу места одеднаш)… Лажните вести се лажни вести, дури и ако пристигнуваат во санки.
Од друга страна професорите по психологија истакнуваат дека нема докази дека дознавањето на вистината за Дедо Мраз е трауматично за децата – или дека доведува до проблеми со довербата меѓу децата и нивните родители. Да, митот за Дедо Мраз е лага и сите деца на крајот ја дознаваат вистината! Но, фантазијата е нормален и здрав дел од развојот на детето. Децата поминуваат многу време преправајќи се, особено на возраст од пет до осум години. Тие исто така постојано се изложени на медиумите во кои животните можат да зборуваат, луѓето можат да летаат, а предметите магично излегуваат од воздухот. Зошто една група летачки ирваси да биде повеќе фантастична отколку глувчето што зборува или снешко кој пее? Иако магичното размислување се намалува на возраст од седум до девет години (околу иста возраст кога повеќето деца се откажуваат од митот за Дедо Мраз), таа не исчезнува засекогаш: понекогаш и на возрасните им треба малку магија во животот.
Па, родители оставете ги децата да бидат деца и уште малку да веруваат во бајки и убави работи, бидејќи ќе имаат цел живот пред себе да се соочуваат со реални и не толку ‘’бајковити’’ работи.
Крај