Дали им дозволувате на децата да играат со играчки оружје?
Познат е фактот меѓу родителите на момчиња, дека тие ќе ја претворат секоја играчка во пиштол без разлика како ги воспитувате. Со кој родител и да разговарате, секој ќе ви го потврди истото: на момчињата им е доволно само да здогледаат нешто што има соодветна форма (закачалка за облека, коцки, додатокот од правосмукалката итн.) и веднаш ќе го претворат во огнено оружје. И тука нема ништо невообичаено.
Експертите за родителство ја отвораат дебатата за тоа дали појавувањето на плимата од играчки оружје во домот ќе има никакво влијание врз имагинарното насилство на децата и дали воопшто вреди да се спречува.
Дел од нив ја поддржуваат теоријата дека ако го лишите детето од одреден тип играчки (пиштоли на вода, пушки, војници и слични играчки) нема да постигнете ништо, бидејќи не можете да ја ограничите изложеноста на оружјето во медиумите, во видео игрите и на националните вести. Згора на тоа, ако на детето му забраните нешто тоа само може да го зголеми интересот на детето кон истото тоа нешто. Експертите тврдат дека не е важно дали детето игра со пиштол на вода на базен – најважно е како неговите родители разговараат со него (на соодветна возраст) за ендемично насилство, здрави методи за намалување на лутината, решавање на конфликти и следење на безбедносните протоколи.
Добрата вест е дека совршено е нормално децата да се преправаат дека играат со пиштоли од време на време. Агресивната игра не е само дел од одгледувањето – истражувањата сугерираат дека дури и им помагаат на децата подобро да се регулираат во реалниот живот. Кога децата инкорпорираат насилство во нивната претенциозна игра, тие можат да научат како да ги контролираат вистинските насилни импулси и да ги регулираат своите емоции.
Други експерти пак, тврдат дека изложеноста на вакви играчки може да биде важна за разбирање на идејата, но тоа не значи дека можете да му дадете на детето пластичен AR-15 и да очекувате дека тоа самото ќе дојде до сознание дека таа играчка е моделирана по нешто дизајнирано да убие, а тоа убивање на луѓе е погрешно. Ако детето ја допре жешката печка и се изгори, ќе научи дека не треба веќе тоа да го прави и веројатно нема да го направи тоа повторно. Но со играчките оружје, нема сличен исход. Асоцијацијата на пиштоли со забава е проблем, бидејќи не ја претставува самата алатка како проблем.
Велејќи дека за децата на одредена возраст сè е пиштол, се нормализира насилството и се изложуваат децата од најмлад период. Ова не значи дека сите деца што играат со пиштоли ќе ги убијат своите родители или ќе понесат пиштол на јавен простор и ќе почнат да ја уништуваат заедницата. Но продажбата на вакви играчки за деца е неразбирлива и нема апсолутно никаква корист од тоа.
Оваа одлука секој родител треба да ја донесе за себе. Но ние како родители треба да ги научиме децата, додека се мали, бидејќи токму тогаш тие не слушаат и учат што е добро, а што лошо.
Крај