Дали е во ред да го бакнувате вашето дете во уста?
На социјалните мрежи, а и секаде околу нас можеме да видиме многу примери на искажување на љубов и нежност помеѓу родители и деца. А многу често гледаме и бакнежи во уста, постапка што предизвикува родителска дебата и поделени мислења.
Што велат експертите?
Родителите прават многу работи со децата кои подоцна тие ќе ги прават со своите партнери, на пример, триење на грбот, бањање, гушкање, лежење со нив во нивниот кревет, милување и бакнување во уста. Па, зошто ако бањањето и триењето на грбот е во ред да се прави, бакнувањето во уста да не е? Ако сакате некој, физички сте блиски со нив. Па, кој човек не сака да ја сподели љубовта со помалите и покревките сакани од нивниот живот?
Да разјасниме: бакнувањето во уста не значи дека станува збор за инцест, туку е начин на кој новите генерации прават децата да бидат центарот на нивниот свет. Па така, многу често мајките им кажуваат на своите синови дека тие се најважната личност во нивниот живот и никој нема да ги сака повеќе од нив. И тие мислат дека тоа е многу слатко, но всушност страшна е помислата на 2 годишно дете да му се каже нешто такво и тоа дете да порасне со таа мисла. Како тие деца понатаму ќе гледаат на концептот на љубовта ако мислат дека го доживеале својот врв на 2-годишна возраст? Па, родители размислете дали со искажување на ваква претерана љубов им правите добро или лошо на вашите деца на долг рок.
Повеќето експерти се согласуваат дека родителските бакнежи треба да мигрираат од усните на образите или на челото секогаш кога детето покажува непријатност.
И секако, постои соодветна возраст кога треба да се прекине со бакнежите во уста. Според експертите, најдобро е тоа да се направи на 2-3 годишна возраст.
Најважно е секој родител да создаде простор за своите деца да зборуваат кога работите ги прават да се чувствуваат непријатно. На оваа возраст треба да започнете да правите промени и во тоа како покажувате љубов.
Крај