Дали треба да го користите кремот за сончање од минатото лето?
На сите нас ни се случило да ни остане крем за сончање од минатото лето, или да купиме доцна на крајот на сезоната и да искористиме само мал дел, па остатокот го оставаме за наредната година. Но, еве на што треба да се обрне внимание!
Доколку од мината година имате крем за сончање кој не сте го отвориле и сте го чувале на ладно и темно место, тогаш слободно можете да го користите. Обично, неотворените креми можат да траат до 2 години. Во секој случај, проверете го рокот на траење, бидејќи не можете да знаете колку долго стоел пред да го купите.
Доколку кремот сте го отвориле и користеле минатата година, треба да бидете претпазливи. Прочитајте на амбалажата колку долго истиот може да се користи откако ќе се отвори, обично е 6-12 месеци (6М, 12М).
Ако забележите дека е променета структурата на кремот, се двои или е згрутчен и има чуден мирис – веднаш фрлете го! Во никој случај не нанесувајте ваков крем на кожата: во најдобар случај нема да ве заштити од сончевите зраци, а во најлош случај ќе ја иритира вашата кожа или ќе предизвика алергиска реакција.
Зошто да купувам различни креми за сончање за лице и за тело?
Според експертите, не станува збор само за маркетиншки трик.
Додека сте со деца кои постојано влегуваат и излегуваат од водата, потребни ви се водоотпорни производи. Но, тие можат да предизвикаат дамки бидејќи ако ги нанесете на лицето привремено ја затвораат кожата и можат да доведат до блокада на порите.
Кремовите за лице имаат специјална формула која ја остава кожата да дише додека истовремено ја заштитува од штетните УВ зраци.
Крај