Дали ќе продолжите да ги јадете откако ќе прочитате што содржат?
Сите знаеме дека ако нешто е вкусно не значи дека е добро за нас. Сѐ помалку се дискутира за фактот дека еден производ не мора да се консумира и не е безбеден само затоа што е одобрен од ФДА. Во прилог прочитајте ги состојките кои се наоѓаат во секојдневната храна и секако бидете повеќе внимателни во иднина!
Маршмелоу
Дали сте се запрашате зошто вегетаријанците и веганите ги избегнуваат? Тие не се производ од месо или млечни производи, но имаат доста одбивна врска со животните. Овие слатки задоволства се направени од желатин кој е животински протеин.
Тоа не звучи премногу лошо, се додека не дознаете како се прави желатинот … со варење на кожата и коските од животните.
Гумени бонбони
Овие бонбони се толку лесни и вкусни за јадење и омилени на многу од нас. Тие се тврди и сјајни од надвор, но убави и меки од внатре. Дали сте се запрашале како стануваат толку сјајни? – Со шелак, кој е помалку брутален термин за она што навистина е: секрет од бубачки.
Истата оваа смола се користи за да се направи сè од нокти до подови – убави и сјајни.
Пиво
Можеби мислите дека пивото е вегетаријанско или дури и веганско, но тоа може и да ве разочара. Многу пива се филтрираат преку желатин направен од риба. Додека многу пивари почнуваат да се ослободуваат од оваа непријатна состојка, има прилично добри шанси дека сте го вкусиле овој гаден додаток во одреден момент.
Вино
Дури и виното не е сигурно од чудни и невообичаени додатоци. Групата за правата на животни PETA на својата веб-страна предупредува дека многу вина вклучуваат крв и коскена срцевина, казеин (млечни протеини), хитин (растителни влакна од ракови од школки), рибино масло, желатин (протеини од животински делови), и isinglass желатин од рибa.
Бидејќи винариите не ги откриваат состојките на секое шише, всушност и нема да знаете што навистина пиете.
Секоја храна која содржи црвена боја
Ако јадете нешто што изгледа неприродно црвено, можеби е добро да размислите повторно. Многу црвени бои се прават од кршени бубачки. Оваа состојка е сосема безбедна и се користи со векови, но сепак потеклото прави да е одбивна. Официјално е позната како кохинеална боја и исто така на етикетите се појавува и како кармин или карминска киселина, па внимавајте ако сакате да избегнете служење на мртви инсекти со вашата храна.
Гуми за џвакање
Гумите за џвакање доаѓаат во многу различни вкусови, но многу од нив имаат едно нешто заедничко: тие се направени од овци. Поконкретно, многу гуми за џвакање се направени од секрет добиен од кожни жлезди од овци. Состојката наречена ланолин, е она што ги прави гумите погодни за џвакање и исто така се наоѓа во многу производи од кожа. Гумите за џвакање кои не содржат ланолин често се прават од синтетички гуми.
Крај