Дали мачките се попаметни од кучињата? – Научниците конечно го имаат одговорот!
Вашето сакано кученце можеби знае да игра со топче и постојано да ви го враќа или да седне кога вие ќе му кажете, но исто така ги гризе и чевлите и често сака да ја брка својата опашка. И додека мачките не се познати по изведувањето на трикови, сепак тие го имаат она однесување “јас сум попаметна од тебе”. Па, кој е попаметен: мачките или кучињата?
Според научниците и спроведените студии, кучињата ја имаат оваа победа, па шепите горе! (Извинете, љубители на мачките!)
Истражувачите разгледале голем број различни раси на кучиња и ги испитувале количините на неврони во мозокот (главен показател на когнитивните способности). Тие откриле дека кучињата имаат околу 530 милиони кортикални неврони, додека мачките имаат помалку од половина од таа сума, околу 250 милиони. (Само за споредба, луѓето имаат околу 16 милијарди).
Овие студии покажуваат дека кучињата имаат биолошка способност да прават многу посложени и пофлексибилни работи отколку мачките. Значи вашето куче всушност е гениј!
Крај