Дали маслиновото масло има рок на траење?
Ако и вие сте љубители на маслиново масло и не можете да замислите ниту една салата без него, сигурно се прашувате дали скапото и квалитетно масло може да се чува подолг период, на пример – 2 години.
Споредете го маслиновото масло со свежо цеден сок – секако дека има ограничен рок на траење! Во просек трае околу 20 месеци, ако правилно го чувате. Ние ви даваме неколку совети како да го продолжите неговиот рок на траење.
Чувајте го на ладно и темно место.
Светлината и топлината го забрзуваат стареењето, па не помислувајте да го чувате на прозорецот или над шпоретот.
Не го чувајте во прозирни стаклени шишиња за масло.
Знаеме дека тие изгледаат многу убаво и декоративно, но темнозеленото стаклено шише во кое се продава маслиновото масло спречува навлегување на светлина која може да доведе до филтрирање.
Завртете го капакот колку што е можно поцврсто.
Ова ќе го спречи навлегувањето на воздухот и оксидирањето на маслото.
Помирисајте го ако не сте сигурни дали е расипано.
Ако не мириса како што треба да мириса добро маслиново масло, фрлете го.
Крај