Дали храната од микробранова печка е безбедна за здравјето?
Микробрановата печка овозможува храната од замрзувач да се одмрзне или подгрее за неколку минути и да биде спремна за конзумација, благодарение на зрачењето со фреквенција од 2,45 гигахерци. Микробрановата печка на храната не и додава ништо освен топлина.
“Микробрановата печка е безопасна за вашето здравје” тврди експертот за исхрана Margaret Morlo, а тоа го потврдува и Ina Steljes од германската агенција за заштита од зрачење.
Теоретски, вие би можеле да се потпрете само на микробрановата печка за загревање на сите напитоци и храна секој ден. Но, постојат исклучоци. На пример, во нашата исхрана е потребно и свежо овошје и зеленчук и ако мислите дека можете да го замрзнете и потоа да го одмрзнете во микробранова задржувајќи ги притоа сите витамини – тогаш сте погрешиле.
Експертите тврдат дека многу витамини се осетливи на температура. Температурата, светлото и кислородот го намалуваат количеството на витамини и максималната загуба на витамини е од 40 до 80%, а фолатите и витаминот Ц можат и потполно да се уништат со загревање.
Според експертите, електромагнетните бранови предизвикуваат големи осцилации особено во молекулите на водата во храната. Тие осцилации произведуваат топлина, па намирниците со поголем процент на вода се загреваат побрзо од сувата храна. Исто така, важен е и изборот на соодветни садови за загревање.
“Најдобри се садовите кои се специјално произведени за микробранови печки, но порцеланот и стаклото се исто така добри”, тврди Anabel Oelman која води центар за советување на потрошувачи во Бремен.
“Никогаш не смеете да користите пластични садови од меламин”, вели Andreas Hensel, управител на германскиот Институт за проценка на ризикот, владина агенција која дава совети за сигурноста на храната.
Меламинот со загревање може во храната да испушти формалдехид кој е штетен за здравјето.
Oelman истакнува дека микробрановата печка често нерамномерно ја загрева храната. “Тоа значи дека првата голтка од вашето какао може да биде млака, а потоа за само секунда покасно да се изгорите”, тврди таа. Затоа е важно да го измешате пијалокот пред конзумирање.
Најдобро е храната да се остави да стои неколку минути по загревањето за топлината рамномерно да се распредели, вели Morlo.
“Сигурносните механизми осигуруваат надвор од печката да има многу малку зрачење додека таа работи”, вели Steljes. Кај исправните печки може да “протече” многу малку зрачење, но тоа не е опасно за здравјето.
Како мерка на претпазливост се препорачува избегнување на непотребно изложување на високофреквентно зрачење. Затоа германското друштво за заштита од зрачење препорачува децата да не стојат пред микробрановата печка или во нејзина близина додека храната се загрева.
Извор: stil.kurir.rs
Крај