Дали на децата им е потребно млеко?
На блоговите и социјалните мрежи се пишува многу за млекото: некои ги потенцираат неговите бенефити, додека други пишуваат за негативните страни од пастеризираното полномасно млеко.
Ние ви даваме одговор на сите прашања поврзани со децата и млекото.
Дали на децата им е потребно млекото?
Па, одговорот на ова прашање е – да и не! Млекото обезбедува навистина убав пакет од хранливи материи кои им се потребни на децата, вклучувајќи ги и калциумот и витаминот Д кои се важни за градење на коските. Млекото е исто така лесен начин за добивање на протеини и многу потребниот калиум. Но, ако на вашето дете не му се допаѓа или има алергија или нетолеранција, добро балансираната исхрана може да ги обезбеди сите овие хранливи материи.
Дали полномасното млеко е подобро од она со намалена масленост?
Не! Секое млеко е добар извор на калциум, витамин Д и калиум – хранливи материи што многу им се потребни на децата, но голем дел не ги добиваат доволно.
Дали е во ред да пијат чоколадно млеко ако не сакаат обично?
Да, со неколку ограничувања. Чоколадното млеко содржи околу три лажички шеќер во една чаша (децата не треба да добијат повеќе од 5-8 лажички шеќер дневно). Иако е хранливо, чоколадното млеко е повеќе слатко уживање. Затоа ако им дадете на децата чоколадно млеко ограничете ги другите слатки. Ако на вашето дете не му се допаѓа белото млеко, сепак постојат и други начини да го внесе потребниот калциум, како што се јогуртот и сирењата.
Дали е возможно децата да испијат премногу млеко?
Да, особено малите деца и децата на предучилишна возраст кои пијат млеко цел ден (повеќе од три чаши). Кај нив постои ризик од намалување на железото, бидејќи нивните мали стомачиња се преполни и за време на оброкот не можат да јадат вистинска храна, а млекото содржи мала количина на железо.
Крај