Дали навистина ни се потребни 8 чаши вода дневно?
На сите ни е добро познато дека дневната препорака за вода што секој треба да ја внесе е 8 чаши (дури и повеќе доколку се занимавате со спортски активности).
Но, неодамнешното истражување покажува дека всушност е малку посложено од тоа.
Не постојат научни докази кои ја поддржуваат теоријата за 8 чаши вода. И исказот: “ова правило важи за сите”, во овој случај не може да се примени, бидејќи секој човек консумира различни видови храна која содржи различен процент на вода.
Па оттука, има луѓе кои дневно внесуваат голема количина на овошје и зеленчук кои се богати со вода, а други пак предност им даваат на месото и житата.
Всушност, Live Science укажува дека просечниот човек добива 20% од потребниот дневен внес на вода преку храната.
Друга навика што го игнорира правилото “8 чаши вода” е навиката за кафе, чај и смути. И овие течности се бројат исто така! И спротивно од она што можеби сте го слушнале на улица или сте го прочитале на интернет, кафето се смета како извор на хидратација.
Во крајна линија, бројот на чаши вода што го пиете најверојатно не е најдобар начин да се каже дали сте добро хидрирани. Наместо тоа, направете ментална забелешка за тоа колку често одите во бањата. Треба да се оди на секои два до три часа и треба да се исфрла добра количина на урина, а не само неколку капки.
Крај