Дали и вие погрешно ја игравте играта Монопол?
Играта Монопол се појави во 1934 година и оттогаш е омилена семејна игра иако понекогаш предизвикува мали кавги и лутење помеѓу оние кои ја играат. Меѓутоа неодамна беше откриено дека ако еден од играчите стапне на некое од полињата кои се нудат за продажба и не сака да го купи, тогаш Банкарот мора да го понуди на аукција на останатите играчи. Што?
Што мислевте вие? Дека ако стапнете на некое поле кое не можете да си дозволите да го купите, треба само да продолжите понатаму? Па, и не баш!
Едно од правилата (кои сигурно ретко кој од нас ги прочитал) кажува дека ако стапнете на поле (односно недвижност/град кој не е во ваша сопственост) имате можност да го купите од Банката по предвидената цена. Ако не сакате да го купите, Банкарот го продава на аукција на оној играч кој ќе даде најголема понуда. Сега веќе работата на Банкарот не е толку едноставна!
Ви благодариме што го споделивте ова малку познато правило, но ние сепак ќе се држиме до традицијата и ќе продолжиме да играме Монопол онака како што секогаш сме го правеле тоа.
Крај