Вечна дилема: Дали пуканките дебелеат или не?
Веројатно и самите сте се запрашале дали можете да уживате во порција пуканки без потоа да имате грижа на совест. Епа, ние ќе ви одговориме – слободно јадете ги! Пуканките навистина не дебелеат…
Пуканките се одличен дополнителен извор на влакна, кои денес недостасуваат во исхраната. Просечниот човек дневно во својот организам внесува помеѓу 10 до 15 грама влакна, што представува околу половина од потребното дневно количество, а тоа може да претставува сериозен здравствен проблем.
Со конзумирање 100 грама пуканки дневно, може барем приближно да се надомести тој недостаток.
Добрата страна на пченката која се користи за пуканки е и нискиот процент на шеќери, натриум и холестерол, односно заситени маснотии. Ваквата пченка со загревање ја зголемува својата вкупна антиоксидативна активност.
Меѓутоа, индустриски преработените пуканки, често пати се прелеани со разни додатоци од делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, засилувачи на вкус и висок процент на сол, што никако не оди во прилог на здравјето и превенцијата на вишок килограми односно болести.
Значи, пуканките не дебелеат, само ако ги подготвите без масло (или со многу мала количина), како и без сол.
Извор: nezavisne.com
Крај