Дали путерот треба да се чува во фрижидер?
Една од најголемите дебати кога се храната и готвењето во прашање е дали путерот треба да го чувате во фрижидер или не. Некои луѓе не се сложуваат со тоа да се остава на работната маса, додека други тврдат дека нема ништо полошо од ладен, стврднат путер директно од фрижидерот.
Краткиот одговор е дека е во ред да се чува надвор од фрижидерот – со некои ограничувања.
Путерот е млечен производ, претежно масен, што значи дека е помалку подложен на бактерии. Солениот путер е уште помалку склон кон бактериски раст од несолениот путер поради неговата содржина на натриум, така што рокот на употреба на двата видови путер е малку различен. Кога станува збор за чување на путерот надвор од фрижидерот, прво важно правило е дека треба да се чува во специјален сад за путер или сличен херметички затворен сад. Ако путерот е изложен на воздух, тој се расипува многу побрзо. Ако правилно се затвора во сад по секоја употреба, солениот путер може да трае и до две недели надвор од фрижидерот. Сепак, ако собната температура во вашата кујна достигне над 21° C, најдобро е да го ставите во фрижидер што поскоро. Што се однесува до несолениот путер, најдобро е постојано да се чува во фрижидер.
Крај