Дали се потите и покрај употребата на дезодоранс? Еве ја причината за тоа!
Сите ние сме пробале голем број на дезодоранси додека не го пронајдовме оној кој најмногу ни одговара. И истиот тој дезодоранс го употребуваме со години. Секое утро пред да излеземе од дома нанесуваме иста количина и денот може да започне.
Но, зошто тогаш не се чувствуваме така свежо во текот на целиот ден како порано? – Всушност, вашето тело може да стане имуно на дезодорансот!
Според дерматолозите и спроведените студии, кога употребувате некој производ за да ги намалите бактериите под пазувите, како што е најчесто употребата на дезодоранси, односот на различните бактерии се менува. Можно е бактериите да развијат отпор на една од хемикалиите што ги користите токму за да ги намалите.
Затоа ако забележите дека вашиот дезодоранс не ја врши истата работа како порано, веднаш сменете го со нов!
Извор: purewow
Крај