Предности и недостатоци на популарниот напиток: Дали смутито е здраво?
Смутито првобитно било овошен сок со дополнителен мраз, а во осумдесеттите години од минатиот век се додавеле и состојки како што се млеко, јогурт и шеќер.
Со текот на времето, на сцена настапи и смути со овошје и зеленчук. Овој напиток обично се користи како додаток на оброкот, замена за оброкот или како десерт. Доколку имате намера да го замените јадењето овошје и зеленчук со нивно цедење во течен облик, еве што треба да знаете.
Конзумирањето блендирано овошје и зеленчук е популарен тренд кога се во прашање децата и здравата исхрана. Оние кои се залагаат за ваков начин на исхрана, наведуваат неколку здравствени предности од внесувањето овошје и зеленчук во течен облик. Меѓутоа, како и кај сѐ друго, и во овој случај постојат лоши страни на кои би требало да обрнете внимание.
Влакната се неверојатно важни за здравјето на човекот. Нерастворливите влакна, кои најчесто ги има во зеленчукот, го помагаат варањето на храната и спречуваат појава на запек. Од друга страна, растворливите влакна кои ги има во морковот и цитрусните овошја можат да спречат создавање холестерол и високо ниво на шеќер во крвта. Овие видови влакна се потребни во исхраната на човекот, а храната која е богата со нив обично се џвака подолго, што вам ви помага да не се прејадете. Токму поради истата оваа причина, не е секогаш добро потполно да го замените овошјето и зеленчукот со смути, бидејќи тоа се пие лесно без џваќање, и во тој случај чувството за ситост не се јавува така брзо.
Сепак, доколку сакате да го задржите чувството на ситост до одредена мера додека пиете смути, ви препорачуваме да додадете малку авокадо или кокосово масло, како и семки или ореви. Покрај тоа, можете да додадете и повеќе вода, а помалку овошје и на тој начин да ја намалите количината на шеќери.
Понекогаш, кога не е сезона на одредено овошје, а тоа е најчесто во зима, потешко е да пронајдете овошје и ограничени сте на она што можете да го најдете во супермаркетите. Сепак, често се случува и во нив да нема свежо овошје, но има комерцијални смутија, чиј рок на траење е подолг, што не значи дека и квалитетот им е подобар. Комерцијалните смутија се она што треба посекако да го избегнувате. Во нив најчесто се додава шеќер од кој не можете да имате никаква корист, туку само штета.
Оние кои се залагаат за конзумација на сокови од овошје тврдат дека замената за храна со свежи смутија му овозможува одмор на системот за варење на храната и во исто време обезбедува основни хранливи состојки кои му се потребни на човекот за да има енергија и сила. Меѓутоа овошните сокови всушност, немаат доволно хранливи состојки, што прават за кратко време да се чувствувате гладни. Исто така, горенаведениот недостаток на влакна прави вашиот систем за варење дополнително да се забави бидејќи не го “ангажирате” онака како што би требало. Покрај тоа, овошните сокови содржат голема количина природни шеќери, што може да биде опасно за сите оние кои имаат проблем со шеќерот во крвта, а исто така можат да доведат и до дебелеење. Не треба да се занемари ни тоа дека со недоволно масти и протеини во исхраната, го лишувате телото од важни нутритивни состојки за правилно функционирање на организмот.
На кратко, предностите од смутијата се: погодни и лесно преносливи, го хидрираат организмот, се вкусна ужина, со додавање протеини во прав можат да бидат и полн оброк, мора да се испијат додека се уште свежи за да не ја загубат својата хранливост, лесно може да се маскира зеленчукот со појаки и често поблаги вкусови.
Од друга страна пак, постојат и нивни недостатоци како што се: недостатокот на џвакање не испраќа до мозокот чувство на ситост бидејќи мозокот мисли дека не сме јаделе туку сме пиеле, често доведува до надуеност и запек, овошјето кое се користи за да се подобри вкусот често пати од смутито прави шеќерна бомба, ладната храна е често тешка за варење кај многу луѓе.
Доколку не сте забележале што е клучна порака на текстов, ние ќе ви помогнеме и ќе ви обрнеме внимание на тоа – Умереност! Како и во сѐ друго, и во пиењето смути треба да се има мерка. Иако има бројни здравствени преднсоти, тие се видливи само доколку не претерувате. Затоа, ограничете го внесот на овој убав напиток доволно за да не ја запоставите и другата храна која ви овозможува дополнителни бенефити за вашиот организам.
Извор: stil.kurir.rs
Крај