Дали спиете со телефонот покрај вашиот кревет?
Ако не сакатe да го исклучувате вашиот телефон преку ноќ, барем обидете се да ја исклучите интернет конекцијата и да го оставите телефонот најмалку на 1 метар од Вашиот кревет.
Во светот во кој живееме денес, употребата на телефонот има сè поголема улога во секојдневниот живот. Толку голема што не го исклучуваме 24/7. Го носиме секаде и ако го заборавиме дома, се чувствуваме како нешто да ни недостига. Во ниеден дел од денот не го исклучуваме и спиеме со него, оставајќи го покрај креветот близу до нас. Оваа навика може да биде многу штетна за нашето здравје. Дали би сакале да знаете дали е штетно или не да го оставате телефонот близу до вас додека спиете? Дознајте го одговорот во прилогот што следува.
Ако сте дел од милјарда луѓе кои својот телефон го оставаат покрај кревет додека спијат, бидете свесни дека оваа навика предизвикува многу проблеми врз вашето здравје. Зрачењето кое го емитуваат телефоните е навистина опасно и не е препорачливо по никоја основа. Ова важи за целиот ден, но во ноќните часови кога спиеме чувањето на телефонот покрај креветот во кој спиеме може да предизвика кошмари, несоница, будење неколку пати секоја вечер итн. Причината? Предизвикува промена во системот на одредени само-регулирачки процеси на човечкиот организам, како на пример на биолошкиот часовник или ритамот на срцето.
Светската Здравствена Организација истакна дека електронските уреди во глобала (не само телефоните) се штетни за телото и ги зголемуваат шансите за појава на рак. Тие произведуваат токсични ефекти за кои повеќето научници немаат познавање, поради што треба да знаете дека мобилните телефони се базираат на јонизирачко зрачење и бранови должини. Врз основа на истражувања докажано е дека постои значајна врска помеѓу употребата на паметни телефони и стерилноста кај мажите, како и намален квалитет на спермата. Кај двата пола се покажало зголемено ниво на стрес.
Иако сигурно ја користите опцијата за аларм на вашиот телефон, сепак најдобро е да го исклучувате во текот на ноќта. Бидејќи и кога не го употребуваме тој се уште комуницира со базните станици преку радио пренос. Ова значи дека телефоните константно зрачат електромагнетни бранови во околината, а не само кога се користат. И ако го оставате во близина на вашата глава додека спиете, тоа е исто како да “ширите зараза” со овие бранови кои не ни прават ништо добро.
Како и каде треба да го оставате мобилниот телефон додека спиете?
Постојат два начини: прво, исклучете го и оставате го на вообичаеното место, имајќи во предвид дека мора да користите друг часовник за аларм. Втора опција е да го оставите вклучен, но во друга просторија, како на пример во кујната или дневната. Оваа алтернативна опција е помалку препорачлива. Ако не се чувстувате опуштено да го исклучите телефонот во случај некој да има потреба итно да ве побара во текот на ноќта, барем исклучете ја интернет или WI-FI конекцијата, кои се поопасни и од радио брановите. Експертите препорачуваат телефонот да го оставате барем на еден метар растојание од вашето тело додека спиете. Можете да го оставите на пример на столот од тоалетната маса.
Друга работа што треба да ја имате во предвид, а што повеќето сепак ја практикуваат е дека не смеете да го чувате вашиот телефон под перница додека се полни во текот на ноќта. Постојат многу случаи со луѓе кои си ги изгореле лицата или рацете поради прегревање и последователен пожар во нивните уреди. Најчесто, перниците се изработуваат од материјал кој лесно согорува, поради што постои голема опасност додека спиеме, бидејќи не сме свесни за тоа што се случува околу нас.
Уште еден ризик кој исто така е поврзан со оставањето на мобилниот телефон на надкасната фиока покрај вашиот кревет, е тоа што го зголемува нивото на анксиозност, поради што ние сме константно вознемирени и во очекување што може да се случи во било кое време, се будиме сред ноќ да ја провериме нашата е-пошта или социјални мрежи секој пат кога ќе ни стигне известување итн. Оваа промена во однесувањето и навиките резултира во стрес, несоница, слаба концентрација, когнитивни проблеми, недостаток на продуктивност, иритабилност, кошмари, главоболки итн.
Други “поздрави” навики кога го користите вашиот мобилен телефон:
- Обидете се да практикувате кратки разговори на телефон, а во случај кога траат подолго, префрлајте го телефонот од едното на другото уво на неколку минути.
- Секогаш кога имате можност, при разговор вклучувајте го звучникот за да не го чувате телефонот во близина на вашата глава.
- Не дозволувајте вашите деца да го користат телефонот, дури ни како играчка.
- Не зборувајте на телефон во области каде сигналот е слаб, бидејќи уредот во тој случај емитува многу помоќни радио бранови.
- Не го чувајте телефонот во џеб ( ова особено важи за мажите, кои најчесто телефонот го чуваат во џебот од пантолите) и избегнувајте контакт со кожата.
- Чувајте го на растојание додека седите на вашето биро или маса.
Исто така неопходно е да го оставите вашиот телефон да се одмори, а исто и вие од него. Во текот на ноќта треба да се посветите на квалитетно спиење и одмор, да ги наполните батериите што сте ги потрошиле во текот на денот. Најдобро би било телефонот да стои исклучен додека се разбудите (ако можете да го издржите искушението) или додека не заминете на работа.
На овој начин ќе ги избегнете дисбалансите што се јавуваат на невронско ниво во квалитетот на сонот и во нивото на стрес. Резултатите од испитувањата што се извршени за оваа проблематика сеуште не се доволно јасни, иако она што ни е достапно како информација е доволно за да го вклучиме алармот. И да не заборавиме дека и другите уреди што ги имате дома се исто така штетни по здравјето. Обидете се да не ставате телевизор или компјутер во вашата соба за спиење. Ако веќе имате, исклучете ги од струја пред да си легнете. Исклучете го рутерот кога се подготвувате за спиење и обидете се да не го користите телефонот до последен момент пред да ги затворите очите.
Крај